Невообичаена шума која ги збунува ботаничарите

Невообичаена шума која ги збунува ботаничарите

Градот со богато минато, одлично вино и прекрасна архитектура во близина на Париз, е дом на една од најневообичаените шуми во светот. Џуџестата букова шума во Ремс е најголема од ваков вид. Затоа, Faux de Verzy е вистинската адреса за сите љубители на необичните растителни видови, но и за оние кои уживаат во природата.

Невообичаена шума која ги збунува ботаничарите

Овие невообичаени форми на буки може да се најдат и во Германија, Шведска, Данска и на други места, но само во Ремс има дури 1000! Џуџестите буки не можат да растат повеќе од пет метри, но тоа не е единственото интересно нешто за нив. Најинтересни се густо поставените гранки кои создаваат чудни форми, што ги прави идеална позадина за некој научно-фантастичен филм.

Експертите немаат одговори на прашањата за причината за необичните форми. Отпрвин се сомневале во почвата, но дури и кога биле пресадени, тие сè уште живеат во согласност со необичните карактеристики. Не станува збор ниту за други карактеристики на животната средина. Најверојатното објаснување е во генетските мутации предизвикани од бактерија, но сè уште не е пронајден виновникот. Како и да е, ако патот ве води до Ремс, не пропуштајте да го посетите овој некој чуден феномен со кој се гордеат Французите.

Невообичаена шума која ги збунува ботаничарите

Погледнете ги овие фотографии од полиња со лаванда сликани со дрон во Јужна Франција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар