Добросостојбата е универзална цел која е составена од добар баланс помеѓу здравјето и среќата. Тоа секогаш треба да биде нешто кое се стремиме да го подобриме. Но, имајте на ум дека дури и ако сте физички во добра форма, можеби не постои рамнотежа во други области од вашиот живот. Токму затоа е и многу важно секогаш да тежнеете кон хармонија помеѓу умот, телото и духот. Следуваат 5-те чекори кои ќе ви помогнат да бидете порелаксирани и да се чувствувате многу подобро во вашата кожа.
rn
Чекор 1: Научете како да се справите со разочарувањата
rnМногу луѓе стануваат екстремно разочарани кога нема да успеат да остварат ветување кое си го дале самите себеси, како на пример, дека ќе изгубат тежина или ќе престанат да пушат. Ова може да предизвика создавање на самосожалување. Со цел да го избегнете тоа, мора да сфатите дека некои цели, без разлика колку остварливо ни изгледаат, сепак се нереални.rn
Чекор 2: Извлечете го позитивното од негативното
rnВо тој случај, дури и ако не успеете во своите замисли, вие ќе имате позитивно искуство на кои можете да му се радувате. На пример, ако сте успеале да не запалите цигара цела недела, наградете се себеси, а потоа обидете се да го продолжите овој период за малку подолго. Движете се полека кон целите, наместо да ги брзате нештата и потоа да се разочарувате.rn
Чекор 3: Проценете и подобрете
rnДоколку не успеете да остварите одредена цел, повторно ќе го земеме примерот со пушењето, не гледајте на тоа како на пораз. Направете чекор наназад и проценете ја целата ситуација. Откријте што ве натерало да потфрлите и како би можеле да го избегнете тоа во следниот обид да се откажете од цигарите.rn
Чекор 4: Планирајте за успех
rnАко сте загрижени за вашите финансии, тогаш едноставно избегнувајте ги сите оние екстравагантни начини на кои можете да потрошите многу за непотребни нешта. Планирајте го вашиот буџет однапред и правете редовни проверки и надградби на планот со цел да се погрижите дека нема да тргнете повторно во погрешна насока.rn
Чекор 5: Не се откажувајте!
rnНајважното нешто кое треба да го запомните е дека во повеќето ситуации клучно е да планирате однапред бидејќи на овој начин ќе можете да ја видите целосната слика. Но, не бидете премногу строги кон себе ако не успеете да ја постигнете првичната цел, туку наградувајте се за сите мали успеси кои сте ги постигнале по пат. И најважно од сè, не се откажувајте! Тежнејте кон напредок и секогаш ќе бидете успешни!

