КАФЕ ПАУЗА

10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјето

10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјето

Без разлика дали ги лекуваат болестите, го чистат воздух или ја подобруваат енергијата во просторот, исполнете го вашиот дом со овие растенија. Тие не бараат некоја посебна грижа, а вие ќе имате многу придобивки од нив.rn

1. Чили

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnОвој зачин го стимулира согорувањето на калориите и го забрзува метаболизмот, го намалува нивото на холестерол и триглицериди во крвта и спречува формирање на тромби. Богат е со капсаицин, кој му дава лутина, но создава и топлина во организмот, а со тоа го стимулира ослободувањето на ендорфин, што придонесува за чувство на удобност и релаксација.rn

2. Алое вера

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnСочниот и проѕирен гел од лисјата содржи неколку антрахинони, аминокиселини, ензими, лигнин, стероли, сапонини, витамини и минерали. Редовно додавајте алое во вашиот утрински пијалак за да го олесните варењето на храната и да ја намалите појавата на чир, хемороиди, инфекции на уринарниот тракт, ревматизам и артритис, а може да ви помогне и во регулирање на шеќерот и на холестеролот.rn

3. Босилек

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnБосилекот има антиинфламаторно дејство, помага при артритис и воспалителни заболувања на цревата. Има антибактериски својства, го зајакнува имунитетот, го намалува холестеролот и со тоа ги штити срцето и крвните садови. Богат е со бета-каротен, кој се претвора во витамин А во организмот и содржи антисептички состојки кои ги уништуваат штетните бактерии во храната.rn

4. Рузмарин

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnСо векови е познат како подобрувач на меморијата. Засадете рузмарин во саксија и ставете го на местото каде што учите, читате или каде што често престојувате бидејќи самиот мирис на ова растение може да ги подобри меморијата и функцијата на мозокот. Исто така, го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи кога сте под стрес.rn

5. Лаванда

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnЕсенцијалното масло има смирувачки мирис, кој помага при лекување на главоболки, анксиозност, депресија, напнатост и стрес, го ублажува заморот и ја зголемува менталната активност. Есенцијалното масло може да се користи за масажа и помага при ревматски болки и болки во мускулите. Мирисот на лаванда во собата ќе ви помогне и против несоницата.rn

6. Спатифилиум

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnАко имате многу електрични уреди во вашиот животен или работен простор, ќе имате многу придобивки од ова растение бидејќи штити од штетното зрачење. Спатифилиумот ја апсорбира електростатската енергија што ја емитираат електричните уреди и ја претвора во хемиска енергија, која ја користи за сопствените метаболички процеси и за раст.rn

7. Папрат

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnПапратот го балансира нивото на влажност во просторијата и е одличен за луѓето со сува кожа бидејќи го навлажнува воздухот и го чисти од полен. Исто така, купката со свежи лисја од папрат може да ја ублажи ревматската болка.rn

8. Сансеверија

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnПознато е како растение кое апсорбира јаглерод диоксид и произведува најмногу кислород, и тоа ноќе, додека повеќето растенија го прават тоа преку ден. Затоа е идеално за спалната и за дневната соба.rn

9. Орхидеја

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnОва растение се смета за исклучително моќно во поттикнувањето на позитивната енергија. Дава чувство дека го заслужувате само најдоброто. Според фенг шуи, орхидејата е симбол на раст и напредок и се става на места каде што е потребно да се поттикне позитивната енергија.rn

10. Роза

rn10 домашни растенија за кои сигурно не сте знаеле дека имаат позитивно влијание врз здравјетоrnrnИстражувањата покажаа дека мирисот на роза ги прочистува мислите и ви овозможува да се фокусирате на она што ви е важно и го подобрува вашето расположение. Ливчињата од роза содржат есенцијални масла, танини, шеќер, лимонска, јаболкова и винска киселина, како и голем број ароматични активни состојки.rnrnПрочитајте кои се 10-те билки што Индијнците ги користеле за лекување.