За поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневие

За поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневие

Една студија од Универзитетот Харвард, на која експертите работат повеќе од 30 години, успеа да утврди пет приоритети што треба да се воведат во секојдневниот живот, доколку сакате да живеете што е можно поздраво и да го продолжите животот до десет години.

Оваа студија ја нагласува важноста од следењето на здрави животни навики за долговечност. Сепак, малку луѓе имаат здрави животни навики и затоа државите треба да го поттикнуваат здравото јадење и градење социјална средина за поддршка и унапредување на здравата исхрана и начинот на живот.

За поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневието

Тие сакале да откријат какви навики и приоритети треба да се воведат во нивниот секојдневен живот, со цел да го подобрат и зачуваат своето здравје и да го продолжат животот до 10 години. Консумирањето здрава исхрана полна со овошје, зеленчук и здрави протеини е од витално значење за одржување на целокупниот здрав начин на живот. Постојат состојки кои се лоши за секого, како шеќерот, но некои луѓе можат да толерираат повеќе шеќер од другите.

Некои луѓе, на пример, треба да јадат мрсна храна затоа што имаат потреба од дебелеење. Проблемот е кога храната се рекламира како здрава, иако нема шанси повеќето нутриционисти да ја сметаат за здрава.

Движењето е исто така многу важно. Без разлика дали одите на лесни прошетки навечер или го вежбате целото тело, секојдневното движење е клучно за да се чувствувате и да изгледате најдобро.

Вежбањето дома е клучно. И додека работите од дома, треба да биде уште полесно да се храните здраво, бидејќи имате пристап до вашата кујна кога сакате. Искористете ја можноста да јадете дома и да готвите хранливи оброци.

Според оваа студија на Харвард, контролата на телесната тежина значително го намали ризикот од дијабетес и рак на дојка. Ова не значи дека треба веднаш да го изгубите секој вишок килограм, туку да одржувате тежина на која ќе се чувствувате пријатно.

Редовното консумирање алкохол и цигари исто така не му служи на вашето тело, велат експертите. Иако повремената чаша црвено вино не штети, студијата препорачува ограничување на внесот на алкохол на една чаша вино на ден за жените и до две чаши вино за мажите.

Можеби ќе сакате да ги пробате овие 6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар