Откријте кои се најдобрите домашни миленичиња за вашето дете
Да се биде сопственик на домашно милениче може да биде наградувачко искуство за дете, а добро избрано домашно милениче може да донесе и години радост. Може да биде идеална можност децата да научат важни животни лекции додека се грижат за живо суштество. Домашните миленици ќе ги научат децата на одговорност.
Хрчаци и заморчиња
Хрчаци и заморчињата лесно се чуваат. Повеќето можат да живеат во релативно мал простор, и тоа е прилично едноставно. Бидете внимателн да не го гризнат вашето дете, бидејќи тие обично се многу исплашени кога првпат ќе дојдат во вашиот дом, особено хрчаците.
Риби
Рибите можат да бидат совршено милениче за вашето дете. Купете риба во специјализирана продавница за да можат вработените да ви објаснат во каков аквариум треба да ја чувате рибата, на која температура и колку често треба да ја храните.
Желки
Руските желки, тревојади можат да живеат повеќе од 50 години. Но, треба да се има предвид дека Американската академија за педијатрија предупредува дека желките лесно можат да пренесат салмонела. Затоа, пред да купите желка, мора да ги истражите условите за грижа за вашето домашно милениче.
Птици
Птиците можат да бидат одлични миленичиња. Иако да се поседува птица е повеќе барано отколку желките или рибите, на сите птици им е потребно секојдневно внимание.
Мачки
Мачките се омилените миленичиња. На мачките им треба малку помалку грижа и внимание од кучињата, но тие исто така бараат редовни ветеринарни прегледи и имунизации.
Кучиња
Кучињата се најкласичниот избор на домашно милениче. Но, некои кучиња може да бидат несоодветни за децата. Пред да го донесете вашето куче дома, проверете дали вашето куче е добро социјализирано.
Прочитајте зошто не треба да ги учите децата да споделуваат додека сè уште се мали?