Највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита
Гијом Мисо се стекна со голема популарност со неверојатна брзина и успеа да ги освои срцата на многу читатели ширум светот. Покрај книгите што ги пишува, тој е познат и по неговите мудри зборови што постојано се препрочитуваат. Овие совети треба внимателно да ги прочитате:
„Ако ги погазите сопствените вредности, сте погазиле сè.“
„Судбината е изговор за оние кои одбиваат да преземат одговорност за сопствениот живот.“
„Понекогаш мора да ја свртиме страницата за да можеме да напишеме нешто ново на следната.“
„Светот нема да ви подари ништо, верувајте ми. Ако сакате да имате живот, украдете го.“
„Најубавите години се оние што допрва треба да се доживеат.“
„Со последниот здив сфаќам сè: дека времето не постои, дека животот е единственото нешто што го имаме, дека сите ние сме едно и дека она што ни е најважно секогаш се оддалечува.“
„Ништо не може да излаже повеќе од фотографијата: веруваме дека сме овековечиле еден среќен момент, но сме создале само носталгија.“
„Постојат настани чиј тек не можеме да го запреме. Тоа што треба да се случи, ќе се случи, без оглед на сите наши обиди да го спречиме.“
„Љубовта е секогаш опасна. Да се сака, значи да се надевате и покрај ризикот да изгубите сè. Понекогаш, љубовта значи да прифатиш дека ќе сакаш повеќе отколку што ќе бидеш сакан.“
Прочитајте ги овие 25 цитати на Габриел Гарсија Маркез што заслужуваат да бидат запаметени засекогаш.