7 знаци што откриваат дека добро го воспитувате вашето дете
Родителите денес честопати се прашуваат дали добро ги воспитуваат своите деца, а овие знаци ќе ви го откријат тоа.
1. Детето покажува различни емоции пред вас
Понекогаш на детето му е многу тешко кога ќе се најде во емотивен период. Можеби мислите дека нема потреба детето да ги изрази сите свои емоции пред вас, но способноста на детето да ви покаже лутина, тага или страв е добар знак затоа што тоа се чувствува безбедно покрај вас. Ако детето ги крие чувствата, тоа е знак на големи проблеми во односот. Немојте да го натерате детето да се затвори и не прекинувајте го во изразувањето на неговите чувства. Наместо тоа, обрнете му внимание и бидете благодарни за тоа.
2. Вашето дете доаѓа кај вас кога ќе се повреди или кога се соочува со проблеми
Ако вашето дете доаѓа кај вас кога има одредени проблеми, тоа значи дека сте обезбедиле сигурно засолниште каде што детето доаѓа кога му е потребна помош. Добар начин да го поттикнете ова е да го слушате проблемот и да го пречекате детето со раширени раце. Вашиот однос ќе биде отворен за комуникација за работите што се тешки во животот.
3. Детето може да зборува за мислите и за чувствата без страв
Ова е позитивен знак за прифаќање на отворен и флексибилен однос. Некои родители несвесно ја ограничуваат комуникацијата со своето дете преку нивното однесување, како што е претераното реагирање на мислите или на чувствата што не им се допаѓаат. А, некои родители се толку кревки што нивните деца не сакаат да ги оптоваруваат со своите мисли и чувства. Можете да ги поддржувате мислите и чувствата на вашето дете без оглед на тоа кои сте вие. Ако ви треба дополнителна поддршка, сторете го тоа со возрасно лице, но не со дете.
4. Вашата повратна информација не е критика
Добрите родители не го критикуваат однесувањето и избегнуваат етикети како „лош “,„алчен“ и „мрзлив“. Ако вашето дете ги изеде сите колачиња без да ги сподели со другите, вие треба да се фокусирате на неговото однесување.
5. Ги поттикнувате интересите и талентите на вашето дете
Со развивање на интересите и на талентите, детето развива вештини и постигнува резултати. Понекогаш, родителите управуваат со интересите на детето за да ги исполнат своите соништа и потреби. Кога го принудувате детето да стори нешто за лични интереси, сè може да пропадне, дури и кога ви изгледа дека сè се одвива добро. Таквите постапки може да го натераат детето да се чувствува неуспешно. Исто така, ако не успее, а зад него стои нарцисоидна родителска амбиција, децата го носат товарот на разочараниот родител и на нивното сопствено разочарување.
6. Создавате граници за детето да биде безбедно
Добрите родители го насочуваат однесувањето на своето дете поставувајќи граници и ограничувања. Децата без граници и правила често се во неволја или се изгубени. Границите им помагаат да се чувствуваат сакани и ценети, дури и ако понекогаш не сакаат граници. Некои примери на добро поставени граници се: рутина во спиењето и љубезно однесување кон членовите на семејството.
7. Ги поправате вашите грешки
Ако знаете како да го поправите односот со вашето дете, тоа е знак на добар родител. Ако викате или ако реагирате премногу строго, многу е важно да го поправите тој однос. Разговорот со вашето дете може да ви помогне да ја решите ситуацијата, објаснувајќи дека и вам ви треба помош за вашите чувства. Иако е многу примамливо да барате знаци на успешно родителство во работи како што се: читање, јадење здрава храна, победување на натпревар итн., успешното родителство значи обезбедување сигурно засолниште за вашето дете. Тоа создава место од кое детето може да напредува. Се состои од траен однос кој не зависи од резултатите, туку од љубовта, почитта и поврзаноста.
Погледнете ги овие правила за воспитување деца на кралското семејство што секој родител треба да ги знае.