Најубавите фризури со плетенки препорачани од познатите личности
Долгата коса изгледа прекрасно, освен во летниот период. Колку е подолга и погуста, толку е потешко да се обликува. Па, што можете да направите освен видливо да ја скратите косата? Познатите личности имаат решение и за овој проблем, а тоа се плетенките. Тие изгледаат многу модерно и елегантно и нема да дозволат непослушните прамени да ви го расипат расположението.
Најдоброто нешто кај оваа фризура е што не ви треба фризер, а ако одберете некоја потешка плетенка, вашата најдобра пријателка може да ви помогне. Во продолжение погледнете ги фотографиите што ќе ве инспирираат како да ја средите вашата коса за време на летните денови.
Погледнете ги овие 7 преубави фризури што ќе бидат во тренд ова лето.