4 причини зошто понекогаш треба да бидете себични

4 причини зошто понекогаш треба да бидете себични

Грижата за себе е тема со која се среќавате на секој чекор, но не станува збор само за нега на кожата, долги релаксирачки бањи, јога и вкусна и здрава храна. Грижата за себе значи да имате здрав однос кон себе и кон луѓето околу вас. Понекогаш, ако се ставите себеси на прво место, на многумина ќе им изгледате како себична личност. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи да го послушате внатрешниот глас што сака да управува со вашите одлуки. Тој глас е во вас со причина, а ако го слушате, ќе разберете зошто понекогаш треба да бидете „себична личност“.

4 причини зошто понекогаш треба да бидете себични

1. Бидете себични кога ви треба одмор

Кога ќе почувствувате емотивен, ментален или физички замор, време е да се одморите. Во ред е да ги откажете средбите и да не се појавувате на настани што не се од големо значење и да се ставите себеси на прво место. Понекогаш одморот ќе значи гледање серии цел ден, понекогаш спиење, а понекогаш ќе биде во форма на мали ритуали од кои ги полните батериите.

2. Бидете себични кога сакате да бидете сами

Некои луѓе нема да ве разберат кога ќе изберете да останете дома наместо да излезете надвор, но не се чувствувајте лошо за тоа. Секој понекогаш треба да има време само за себе. Вашиот календар не мора да биде полн со настани ако не сакате да се дружите. Во ред е да се одморите од луѓето, дури и од најблиските.

3. Бидете себични по големите промени во животот

Големите промени во животот, како што се губење на работното место, раскинување на долга врска или смрт на најблиските, честопати бараат период без дружење, луѓе и настани. Во такви периоди од животот, секоја личност реагира различно. Ако сметате дека ви треба пауза од сите оние работи што порано ве исполнуваа, сторете го тоа без каење.

4. Бидете себични ако чувствувате дека давате премногу

Ако сметате дека премногу им давате на некои луѓе и не добивате ништо за возврат, тргнете се настрана. Без разлика дали се работи за луѓе што ги познавате со години, за роднини или за личности со кои штотуку се запознавте, не двоумете се кога станува збор за исфрлање на таквите луѓе од вашиот живот. Грижата за себе подразбира отворено отфрлање на одредени луѓе и работи што веќе не се добри за вас. Да кажете „не“ значи да се ставите на прво место и тоа е сосема во ред.

Погледнете ги овие 5 начини на грижа за себе кои секоја жена би требало да ги применува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар