Исхраната во 80-тите изгледала многу поразлично отколку што е денес. Поради недостаток на преработени производи во маркетите, луѓето експериментирале со она што го имаат дома. Така настанале овие 5 јадење кои денес многумина не би се осмелиле да ги пробаат, но порано во нашите страни биле многу популарни.rn
1. Пача или пивтија
rnСигурно имате пробано пача или ако не, тогаш познавате некој кој ја обожава. Ова солено желе од свинско месо и зеленчук било на сите маси во поранешна Југославија. Најчесто се служела во зима како ладно мезе, а во денешно време не е толку популарно како и тогаш.rnrn
rn
2. Јајца со шеќер
rnПолиците во маркетите порано не биле полни со многу видови чоколади, бисквити и други слатки производи. Наместо тоа, постоел еден десерт со јајца и шеќер. Јајцата се комбинираат со шеќерот и се мешаат сè додека смесата не се згусне. Поради стравот од салмонела, денес на никој не му текнува да јаде сурови јајца, а и јајцата не се повеќе како што беа порано.rnrn
rn
3. Парче леб со маст и малку црвен пипер во прав
rnПорано ништо не можело да го засити гладот како парче леб со маст и црвен пипер. Не само што е оброк полн со калории кој ве подготвува за тешка физичка работа, туку и многу ефтин оброк што секое домаќинство може да си го дозволи. А, што ако копнеете по нешто благо? Наместо црвен пипер, ставете шеќер! Дали би го пробале ова?rnrn
rn
4. Помфрит
rnПечен компир со јајца, колбаси и павлака бил помфритот од 80-тите. Иако нема чудни состојки, ова јадење полека тоне во заборав. Ова веројатно се должи на фактот дека станува збор за калорична бомба, а во денешно време луѓето одбираат да јадат помалку калорична храна.rnrn
rn
5. Чорба од праз
rnЧорбата од праз била омилената чорба на многу деца во 80-тите. Некои ја сакале поради мирисот, а на други сè уште им претставува траума. Иако чорбата од праз зазема важно место во нашата кулинарска историја, ретко се готви во домовите, а во менијата на локалните ресторани воопшто нема да ја најдете.rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересира кои 11 намирници може да траат со години ако ги чувате правилно.