5 раси на мачки што живеат најдолго

5 раси на мачки што живеат најдолго

Иако има мачки што може да живеат 15 години, долговечноста е покарактеристична за одредени раси. Никој не може да гарантира дека вашата мачка ќе зачекори во своите дваесетти години, но има одлучувачки фактори како што се гените и грижата. Ако изберете раса на мачка која има подолг животен век, ги зголемувате шансите да живеете добар дел од животот заедно со вашата мачка.

1. Сијамски мачка

5 раси на мачки што живеат најдолго

Сијамската мачка е вистинска ориентална убавина. Потекнува од некогашниот Сијам, денешен Тајланд. Се смета дека оваа раса е стара повеќе од 500 години и пристигнала во Европа во втората половина на 19-тиот век. Овие мачки во просек живеат од 12 до 20 години.

2. Бурманска мачка

5 раси на мачки што живеат најдолго

Бурманската мачка е создадена со вкрстување на мала кафеава мачка од Бурма и сијамска мачка. Овие мачки се игриви, дружељубиви и сакаат авантури. Нивниот просечен животен век е од 16 до 18 години.

3. Савана мачка

5 раси на мачки што живеат најдолго

Оваа мачка се препорачува само на искусни сопственици. Иако не е целосно домашна мачка, таа може да биде пријателски настроена кон луѓето и да живее од 12 до 20 години.

4. Египетски мау

5 раси на мачки што живеат најдолго

Името на оваа раса се должи на фактот што таа била присутна во античката египетска култура, а се карактеризира со прекрасно крзно со точки. Египетскиот мау треба да биде третиран како рамноправен член на семејството, a живее од 12 до 15 години.

5. Рагдол

5 раси на мачки што живеат најдолго

Оваа раса е нежна, сака луѓе и ги следи насекаде. Таа е здрава, но понекогаш е склона кон камења во бубрезите и срцеви заболувања. Сепак, големи се шансите таа да живее 15 или повеќе години.

Прочитајте ги овие 7 интересни факти за мустаќите на мачките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар