5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Бојата за коса содржи над 5.000 хемикалии за да може да постигнете добри резултати. Бојадисувањето е процес што ѝ се спротивставува на природата на вашата коса, што значи дека треба да бидете внимателни пред, за време на бојадисување и откако ќе го направите тоа. Русата или црвената нијанса може да изгледаат одлично на вас, но ако сакате бојата да трае подолго време, има неколку работи што треба да ги направите и неколку работи што треба да ги избегнувате по секоја цена.

Во продолжение прочитајте како да ја одржувате бојата на вашата коса.

1. Откако ќе ја бојадисате косата, одложете го првото миење колку што можете повеќе

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Откако ќе ја бојадисате косата, добро е да почекате најмалку 2 дена пред да ја измиете првпат. Тоа е затоа што косата е многу чувствителна по процесот на бојадисување и ако ја измиете, може да избледи многу побрзо.

2. Користете соодветна маска за коса

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Не заборавајте да ставате маска за коса. Таа ќе ви помогне во зајакнувањето и во негувањето на вашата коса и ќе ја подготви за следното бојадисување.

3. Користете УВ-заштита и обидете се да ја скриете косата од сонцето

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Користете производи со УВ-заштита бидејќи сонцето може да ви биде најлошиот непријател и топлината може да направи вашата боја да исчезне. Користете средства што можат да траат подолго време на вашата коса.

4. Исплакнете ја косата со ладна вода

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Плакнете ја косата со поладна вода за да ви биде здрава и сјајна. Миењето на косата со топла вода ќе ги отвори кутикулите на вашата коса, што ќе резултира во суви краеви и избледена боја.

5. Користете соодветен сув шампон кога не ја миете косата

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Мијте ја косата колку што е можно помалку. Сигурно сте забележале дека бојата паѓа додека ја миете косата. Во деновите кога не ја миете, користете соодветен сув шампон за бојадисана коса затоа што тој ќе ви помогне да ја одржувате косата убава и сјајна.

Во продолжение прочитајте кои постапки може да ви ја уништат бојата на косата.

1. Не користите балсам за коса

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Негувањето на косата е задолжително откако ќе ја бојадисате. Тоа е затоа што вашите прамени ја губат влажноста за време на процесот на бојадисување. Ако не користите балсам, вашата коса ќе стане сува и ќе ги изгуби сјајот и бојата.

2. Користите алатки за стилизирање што работат на топлина

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Бојадисувањето на косата и стилизирањето со алатки на топлина не е добра комбинација. Ваквите алатки ќе направат бојата на вашата коса да избледи и доволно е да ги користите само 5 секунди за да забележите промени. Ова се случува затоа што пеглата за коса ја поставувате на 400 степени, а таквите високи температури влијаат на вашата боја и може да ја осветлат косата.

3. Пливање во базени со хлор

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Боите за коса содржат хемикалии, така што тие може да реагираат со други хемикалии, како што е хлорот што го има во базените. Хлорот може да се користи како средство за избелување и може да ја претвори бојата на вашата коса во посветла нијанса.

4. Користите производи со сол, сулфати и детергенти

Треба да користите производи што не содржат хемикалии или што содржат многу малку. Користењето на такви производи ќе ја отстрани целата боја бидејќи нивната функција е хемиски да исчистат сè, вклучително и бојата на вашата коса.

5. Триење на косата со крпа

5 начини за одржување на вашата боја на коса и 5 работи што можат да ја уништат

Триењето на косата може да биде навистина штетно, особено откако ќе ја бојадисате. Оваа постапка ќе ја направи вашата коса послаба и ќе влијае на бојата. Наместо тоа, завиткајте ја косата со микрофибер крпа и оставете ја да се исуши.

Погледнете ги овие фризури што ќе ви помогнат да го скриете израстокот на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар