Љубовта не трае вечно, а астрологијата ви открива како се однесува секој хороскопски знак кога неговата љубовна врска е во криза.
rn
Овен
rnАко сте во врска со Овен, ќе ја препознаете кризата преку недостатокот на страст и жар во очите. Покрај тоа, недостатокот на страст е главната причина за раскинување, а на тоа му претходи флертување со личности од спротивниот пол. Исто така, кога љубовта почнува да исчезнува, Овенот почнува да се однесува грубо.rn
Бик
rnКога Бикот е заљубен, постојано го допира и го гали партнерот, а кога ќе исчезна нежноста, време е да се загрижите. Исто така, на Биковите им е тешко да одлучат да ја прекинат врската, но откако ќе раскинат, тие никогаш не ѝ се враќаат на старата љубов.rn
Близнаци
rnАко партнерот веќе не се смее, тешко комуницира со вас и не се обидува да биде духовит, тоа е алармантен знак. Сепак, Близнаците имаат променливо расположение, па понекогаш споменуваат раскинување дури и кога навистина не го мислат тоа, така што постои добра шанса тие да се премислат и да ја продолжат врската како ништо да не се случило.rn
Рак
rnРакот речиси никогаш не ја раскинува врската затоа што секоја љубов ја доживува како „вистинската“. Меѓутоа, кога тој самиот ќе сфати дека врската завршува, веројатно ќе се потруди да ве изнервира и ќе заборави што е романтика.rn
Лав
rnЛавовите се диктатори по природа, а тоа е уште поизразено кога се појавува криза во врската. Тој може да биде многу тврдоглав и може да започне да поминува сè повеќе и повеќе време со пријателите и веројатно често ќе ви спомнува дека му е многу досадно во животот.rn
Девица
rnПрипадниците на овој хороскопски знак стануваат цинични за време на љубовната криза, честопати се лутат и постојано се жалат. Меѓутоа, ако разговарате искрено, постои шанса вашата врска да преживее.rn
Вага
rnАко вашата врска е во криза, бидете сигурни дека Вагата веќе нашла резерва. Вагите не знаат да бидат сами, а првиот знак дека нешто не е во ред е кога партнерот одеднаш ќе стане ладен и воопшто нема да го интересираат вашите проблеми.rn
Скорпија
rnПрвиот знак дека вашата врска е во криза е недостатокот на интимност, но и љубомората и постојаното префрлање.rn
Стрелец
rnСтрелците по природа се многу искрени. Иако сакаат флертување, тие не сакаат неверство. Кога љубовта ќе почне да исчезнува, тој ќе го помине поголемиот дел од времето надвор од куќата во потрага по својата слобода.rn
Јарец
rnЈарецот ќе ви наметнува чувство на вина за разни постапки и ќе стои на дистанца. Овие знаци откриваат дека Јарецот се подготвува да ви раскине. Сепак, за него е многу тешко да одлучи да ја прекине врската, дури и кога постојат многу сериозни проблеми. Дури и ако го изневерите, Јарецот ќе го надмине тоа, но никогаш нема никогаш да го заборави.rn
Водолија
rnВодолиите раскинуваат на многу детски начин. Тие едноставно престануваат да ви се јавуваат и ве игнорираат максимално, однесувајќи се како никогаш да не сте постоеле во нивниот живот. Дали ви треба појасен знак дека вашата врска е завршена?rn
Риби
rnРибите не знаат како да се справат со проблемите, па затоа претпочитаат да се повлечат и да изгледаат апсолутно незаинтересирано. Ако забележите дека Рибите одеднаш стануваат многу тивки, запрашајте се што се случува.
Прочитајте кои 5 хороскопски знаци нема да се двоумат да ве отстранат од својот живот.

