10 начини како да се заштитите себеси ако живеете со родител или сопруг алкохоличар

10 начини како да се заштитите себеси ако живеете со родител или сопруг алкохоличар

Справувањето со родител или сопруг алкохоличар е многу тешко. Но, за среќа, постојат неколку начини како да се справите со овој проблем без да ги изгубите вашиот мир и чувството за самопочит.

10 начини како да се заштитите себеси ако живеете со родител или сопруг алкохоличар

1. Бидете сигурни дека постојат граници

Можеби сè уште сакате сопругот да биде вклучен во вашиот живот и во животот на вашите деца, но не сте смирени кога ги ставате своите деца во потенцијално опасни ситуации.

Поставете граници со партнерот и отворено разговарајте за нив. На пример, можете да му кажете дека ако неговите реакции се надвор од контрола, ќе го оставите или ќе го замолите да замине.

Објаснете му дека вие не сте должни да се справувате со неговите проблеми, туку само сакате да бидете сигурни дека вие и вашите најблиски се безбедни.

Ако некогаш почувствувате дека вашата или безбедноста на вашето семејство е загрозена, заштитите го вашето семејство по секоја цена.

Не комуницирајте со личноста кога е пијана и потрудете се да нема алкохол на средбите. Ако сте свесни дека личноста пие по одредено време од денот, избегнувајте контакт во тој период.

2. Разберете ја тензијата што ќе ја предизвика алкохолот

Испиената количина алкохол е пропорционална со проблемите што ги има во семејството.

Кога децата на родителите алкохоличари ќе пораснат, тие може да станат исклучително чувствителни на алкохол. Секогаш бидете сигурни дека можете да излезете од некоја ситуација ако не се чувствувате удобно или ако ви треба простор.

Тешко е да се прифати ситуацијата во семејството, но уште потешко е да мислите дека ќе го промените однесувањето на алкохолочарот.

3. Разговарајте со вашиот родител или партнер со реални очекувања

Во одреден момент, ќе сфатите дека не можете да го спречите алкохоличарот да пие алкохол. Иако можеби сте слушнале дека многу луѓе се откажале од алкохолот, таа одлука не зависи од вас, туку од самиот алкохоличар.

Не дозволувајте да бидете премногу надежни кога станува збор за дадените ветувања бидејќи ќе останете разочарани и ќе се чувствувате изневерено.

Она што можете да го направите е да разговарате со личноста додека е трезна во врска со тоа како нејзиното однесување влијае на вас и како се чувствувате. Ако не може да разбере што ѝ кажувате, дајте ѝ пример за некои инциденти што можеби се случиле.

4. Престанете да ја преземате одговорноста

Колку и да сакате да му помогнете на вашиот сопруг или родител да престане да пие, вашите постапки може само да ве повредат уште повеќе подоцна.

Додека вие мислите дека им помагате да се справат со проблемот, тоа може само да ги разлути и да ги влоши работите.

Сфатете дека нивното однесување не е ваша вина. Вие не сте причина за нивниот проблем со пиењето и затоа не можете да направите ништо за да го решите тоа.

5. Прифатете како се чувствувате

Ќе доживеете многу различни емоции. Конфликтните емоции се почести отколку што мислите, но постојат начини да ги обработите вашите чувства за да не влијаат врз вас.

За да ги искажете вашите чувства, можете да напишете писмо што никогаш нема да го испратите. Едноставно оставете го во некоја фиока, а ќе се чувствувате како да сте ѝ кажале сè на личноста пред вас.

6. Најдете начини да се справите со стресот

Вежбањето или некое друго хоби може да ви помогнат да се ослободите од стресот и да се чувствувате малку подобро.

Танцувајте, пешачете или правете нешто друго за да се ослободите од проблемите. Одвојте време за себе за да ја исчистите главата.

7. Разговарајте со некого

Нема причина зошто да го чувате сето тоа во себе. Разговарајте со некоја личност на која ѝ верувате за она што го чувствувате и за искуството.

Ќе се чувствувате подобро и што е уште поважно, нема да се чувствувате како да сте сами додека се соочувате со таа ситуација. Разговорот може да направи голема разлика.

8. Создајте значајни врски

Ако имате родител кој има проблеми со пиењето, може да ви биде проблем да создадете длабоки врски како возрасни.

Начинот на кој вашиот родител се однесувал кон вас, може да имате сериозни последици врз односите што ги градите.

Освен тоа, може да се случи да ги барате работите што сметате дека никогаш не сте ги добиле и да привлечете погрешна личност во животот, што само ќе ви предизвика поголема штета.

9. Придружете се во група за поддршка

Вие не сте единствената личност која го доживува ова. Приклучувањето во група за поддршка може да биде навистина корисно за вас.

Тоа е одличен начин да ги споделите вашите чувства, да се поврзете со другите кои имале исто искуство и да ја добиете потребната поддршка, додека и вие им ја давате на другите потребната поддршка.

10. Размислете за терапија

Ако сте дете на алкохоличар, може да се чувствувате депресивно, да имате недостаток на самодоверба и да доживеете чувство на изолација, срам и емоционална вознемиреност.

Соодветната поддршка ја зголемува вашата самопочит и може да влијае на сите области во вашиот живот.

Прочитајте кои се 25-те чудни работи што ги наследувате од родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар