4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Сподели

Ова лето не можете да патувате на другата страна на светот и да истражувате различни култури, да пробате нови вкусови и да запознаете личности со слични интереси од други земји, па време е книгите да ве телепортираат во некој друг свет. Овие 4 книги ќе ве маѓепсаат како да сте биле на другата страна на светот.rn

Реклама

1. „Плажа“ (The Beach) – Алекс Гарланд

rnСпоред оваа книга е снимен филм во кој глуми Леонардо Ди Каприо, но книгата е секогаш подобар избор од филмот. Ако планирате да патувате во Тајланд или сте фасцинирани од оваа азиска земја, треба да ја прочитате оваа книга затоа што ја опишува утописката социјална заедница лоцирана во оваа природна оаза. Откако ќе ја прoчитате книгата, ќе го ставите Тајланд на вашата листа на патувања.rn

2. „Околу светот во 50 години: Мојата авантура во секоја држава на Земјата“ (Around the World in 50 Years: My Adventure to Every Country on Earth) – Алберт Подел

rnНе постои подобра книга од оваа што истовремено ќе ве мотивира да се стремите кон сè што сакате да постигнете во животот и што ќе ве поттикне да се движите низ животот без страв. Ова е книга за упорноста, за решителноста и за способноста, надополнета со хумор. Станува збор за човек кој постигнал две животни цели за кои другите му рекле дека биле недостижни. Прво, тој поставил рекорд во најдолгото патување со автомобил низ целиот свет. За вториот рекорд му биле потребни 47 години, но тој успеал да стане еден од ретките луѓе што ги посетиле сите држави во светот. Преживеал немири, револуции, граѓански војни, разбојници, корумпирани полицајци и многу други работи. Преживеал и напади од крокодили, анаконди, гигантски пијавици и сл.rn

3. „Шантарам“ (Shantaram) – Грегори Дејвид Робертс

rnЗаљубете се во Индија и во сите нијанси на Мумбај преку оваа книга која ќе ви покаже како изгледа реалниот живот во сиромаштија. Во оваа книга се опишани дружбите со питачи и гангстери, проститутки и светци, како и „туристичкото“ разгледување на народните пазари.rn

4. „На пат“ (On the Road) – Џек Керуак

rnОваа книга е стара околу 50 години, а Џек Керуак, кој тогаш бил алкохоличар, ја опишува американската периферија додека патува во вагони. Тој ја напишал книгата за неколку недели, но кога била објавена, станала хит и манифест на една генерација чие внимание било расцепкано и насочено кон потрагата по слобода.

Прочитајте ги овие неверојатни книги за љубовта која го менува светот.

Популарно

Може ќе ве интересира