Торта со боровинки за доручек: Новиот хедонистички тренд на Инстаграм
На профилите на Инстаграм се појави нов тренд, а станува збор за вкусна торта со боровинки за која познатата готвачка Габи Далкин вели дека е одличен доручек. Таа во својата книга „Eat What You Want” го споделува рецептот и ве охрабрува да јадете што сакате и да научите да уживате во храната.
Тортата е составена од крцкав и мек слој. Крцкавиот слој може да се подготви во поголеми количини и да се чува во фрижидер и да се користи по потреба. Боровинките можат да се користат свежи или замрзнати, но ако се користат свежи, тогаш времето за печење треба да се скрати.
View this post on Instagram
Потребни состојки:
За крцкавиот слој:
- 130 г брашно
- 100 г шеќер
- 50 г кафен шеќер
- ¼ лажичка сол
- 115 г стопен путер
За мекиот слој со боровинките:
- 225 г брашно
- 2 лажички цимет
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 115 г матеница (можете да разредите малку млеко и да додадете сок од лимон во него)
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 115 г путер на собна температура
- 260 г шеќер
- 2 големи јајца
- 1 жолчка
- 365 г боровинки
За преливот:
- 60 г шеќер во прав
- 2-3 лажички млеко
Начин на подготовка:
- Во еден сад измешајте ги состојките за крцкавиот слој. Ставете во фрижидер.
- Загрејте ја рерната на 175 степени.
- Потоа измешајте ги во друг сад сувите состојките за мекиот слој, а шеќерот и путерот мешајте ги во друг сад. Во нив додајте ги јајцата, а потоа и жолчката. Со рака мешајте ги сувите состојки и во нив додадете ги боровинките.
- Во подмачкана тава додадете ја крцкавата смеса, а потоа меката. Печете 1 час ако боровинките се замрзнати или 50 минути ако се свежи. По околу 40 минути печење проверете дали горниот слој не фатил премногу боја. Ако е така, покријте со фолија.
- Извадете од рерната, оставете малку да се олади и истурете го преливот. Можете да додадете и рендана кора од лимон или по избор. Добар апетит!
Пробајте го и овој рецепт за вкусен пудинг со семе од чиа и банана.