5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Речиси секој има искусено крај на љубовната врска барем еднаш во својот живот и тоа може да биде многу болно искуство. Не спротивставувајте се кога чувствувате болка и не преправајте се дека сте во ред. Испразнете ги негативните емоции што ги чувствувате и постепено вратете се во живот. Раскинувањата се дел од животот, но и период на личен раст. Иако не можете да го прифатите тоа што ви се случило и тешко ви е да продолжите понатаму, ова е одличен период да се посветите на читањето и да поработите на себе, па добро е да ги прочитате овие пет книги по раскинувањето.

1. „Почувствувај го стравот и соочи се со него“ (Feel The Fear And Do It Anyway) – Сузан Џеферс

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Стравот е емоција која навистина може да ви предизвика многу проблеми во животот. Освен што ве спречува да живеете со полни гради и онака како што отсекогаш сте сонувале, поради страв од осаменост, честопати останувате во нефункционални врски. Сузан Џеферс дава преглед на корените на стравот и открива како да се справите со секоја ситуација, а раскинувањето на врската е една од нив. Оваа инспиративна современа класика го содржи клучот за претворање на гневот во љубов и неодлучноста во акција, како и создавање живот што има смисла.

2. „Петте јазици на љубовта“ (The Five Love Languages) – Гери Чепмен

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Ова е една од книгите што ќе ви помогнат да ја разберете и другата страна на приказната. Гери Чепмен им помага на паровите да го идентификуваат, да го разберат и да започнат да го зборуваат мајчиниот јазик на љубовта на својот партнер кој ги вклучува: зборовите за потврда, квалитетното време, примањето подароци, изразувањето учтивост и физичкиот допир. Со учење на петте јазици на љубовта, вие и вашиот партнер ќе научите уникатни јазици и ќе научите практични чекори за тоа како вистински да се сакате еден со друг. Ова е книга која може да ја прочитате во кој било период од животот, а по раскинувањето може да ви даде одговор на прашањето што постојано си го поставувате – зошто заврши?

3. „Мажите се од Марс, жените се од Венера“ (Men Are from Mars, Women Are from Venus) – Џон Греј

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Оваа книга ќе ви помогне да ги разберете разликите помеѓу мажите и жените. Мажите зборуваат сосема поинаков јазик од жените, иако не се свесни за тоа. Нивните зборови се исти, но значењата се различни. Ако имавте мал фразеолошки речник со вас, ќе се разберевте едни со други без тешкотии и несогласувања. Оваа книга е токму тоа – речник со основите на граматиката што ќе им помогне на мажите да ги разберат жените. Оваа книга ќе ве ослободи од сите фрустрации со кои некогаш сте се соочиле во врските затоа што идеите изнесени во неа имаат смисла, а советите даваат надеж дека разликите можат да се надминат.

4. „Патот по кој поретко се оди“ (The Road Less Traveled) – Скот Пек

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Ова не е само книга што ќе ви помогне да го преболите раскинувањето. Ова е книга која ќе ви даде мир, позитивност и нови перспективи. Ќе ви помогне да научите како да ја разликувате зависноста од љубовта и како да станете личноста што навистина сте. Уште во воведната реченица дека животот е тежок, а патот на духовниот развој е долг, Пек не се обидува да ги исплаши читателите, туку да ги води низ тешкиот болен процес на промена кон едно повисоко ниво на саморазбирање.

5. „Како да бидеш сама“ (How To Be Single) – Лиз Тучило

5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

Како што кажува и самото име, ова е една од најтешките задачи во животот, а тоа е да научите да бидете сами и навистина среќни. Хероината на овој роман, Џули Џенсон има 38 години, работи како уредник во издавачка куќа во Њујорк и е сингл девојка. По една лоша средба, Џули сфаќа дека ѝ е преку глава од сите разочарувања и понижувања од сингл животот, ја напушта својата работа, успева да добие скромен договор за пишување книга и тргнува во потрага по одговорот на прашањето како жените низ целиот свет се справуваат со осаменоста.

Можеби сакате да ги прочитате и овие 3 книги за осаменоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар