Ниту сте задоцниле, ниту сте подраниле: Не е сè во свое време, туку сè е во ваше време
Сетете се на ова кога некој ќе ви каже „време ви е…“ или „зошто сè уште не сте…“
Некој дипломира на 22-годишна возраст, а потоа бара работа три години.
Некој станува успешен директор на 25 години, а умира на 50.
Друг станува директор на 50 години и живее 90 години.
Некој е уште сам, а некој веќе има семејство и деца.
Макрон стана претседател на 39 години, а Роберт Мугабе на 63 години.
Шумахер стана шампион на 25-годишна возраст, Нино Фарина првпат победи на трка на 44-годишна возраст.
Ворен Бафет стана милијардер на 56 години, а Цукерберг на 23 години.
Кајли Џенер стана најмладата милијардерка на 21-годишна возраст, оставајќи ги далеку зад себе сите други млади машки милијардери.
Секој на овој свет води своја трка и оди по својот пат, во свое време.
Времето е различно за секого.
Кога ќе размислите подобро, сè во светот се одвива во својата временска зона.
Вашите пријатели може да бидат пред вас, а некои може да останат зад вас.
Сето тоа е природно.
Секој живее во својата временска зона.
Не треба да завидувате и да се споредувате со другите затоа што тие се во нивната временска зона, а вие сте во вашата.
Животот е момент, чекање да се искористи вистинската можност.
Затоа, опуштете се и уживајте.
Не доцните.
Не сте подраниле.
Пристигнувате во вистинското време.
Прочитајте кога е вистинското време да го средите вашиот живот и да станете сериозна личност.