КАФЕ ПАУЗА

8 методи на воспитување што ги користат родителите на успешните деца

8 методи на воспитување што ги користат родителите на успешните деца

Родителството е најубавата, но и најтешката задача во животот. Во потрагата по рецепт за добар родител, родителите треба да разберат дека не треба да се стремат кон совршенство, туку да бидат само „доволно добри“. Научниците тврдат дека многу работи зависат од родителите, односно од вредностите на коишто ги учат своите наследници.rnrn8 методи на воспитување што ги користат родителите на успешните децаrn

1. Децата помагаат во домашните работи

rnРодителите кои ги учат своите деца да им помагаат во домашните обврски уште од рана возраст, ќе израснат деца кои ќе бидат успешни на сите полиња подоцна во животот.rnrnТаквите деца ги знаат своите задачи и учат како работата носи резултати и како тие самите треба да се трудат за доброто на целото семејство. Кога растат, тие соработуваат подобро со колегите на работа затоа што знаат што значи да се биде дел од тимот.rn

2. Социјални вештини

rnИстражувањата покажуваат дека децата кои имаат добро развиени социјални вештини веројатно ќе бидат горди на својата факултетска диплома.rnrnЗатоа, експертите потенцираат колку е важно децата да ги научат правилата на однесување во работната атмосфера.rn

3. Големи очекувања

rnЕкспертите посочуваат дека родителите треба да имаат големи очекувања од своите деца затоа што тоа им дава поттик да бидат уште подобри.rnrnЕдно истражување покажа дека 96% од децата чии родители очекувале да се запишат на колеџ, имале најдобри оценки на приемните испити.rn

4. Здрав родителски однос

rnИстражувањето покажува дека децата чии родители добро се согласуваат стануваат поуспешни луѓе отколку оние кои потекнуваат од семејства каде што преовладуваат кавги и расправии.rnrnЕкспертите забележуваат дека разводот на родителите не игра важна улога ако родителите останат во добри односи.rn

5. Математика

rnУчењето математика на рана возраст му дава предност на вашето дете. Тоа е основа што треба да ја научи преку игра и подоцна да развива математички вештини во училиште.rn

6. Поврзаност со децата

rnМногу истражувања покажуваат дека првите три години од животот на детето се многу важни за неговиот успех. Родителите треба да му обрнуваат внимание, да си играат со него и да градат здрава врска.rn

7. Без стрес

rnАко родителите живеат под постојан стрес, децата ќе го почувствуваат тоа и ќе има лошо влијание врз нив.rnrnДенес е многу тешко да одржувате баланс помеѓу работата и семејството, но експертите посочуваат дека родителите треба да работат на себе и да бидат помалку нервозни. На тој начин, децата ќе бидат подобри и поуспешни.rn

8. Мајките се вработени

rnИстражувањата покажуваат дека децата чиишто мајки се вработени се повеќе образовани и заработуваат повеќе. Експертите тврдат дека ако мајката работи, тоа има позитивен ефект и кај машките и кај женските деца.rnrnПрочитајте како да му кажете „не“ на вашето дете и да се придржувате до тоа.