Скок од Монт Еверест – највисокиот скок од планина на сите времиња

Сподели

Русинот Валери Розов, член на клубот за екстремни спортови на Ред Бул, ја одбележа 60-годишнината од првото освојување на Монт Еверест со скок од највисокиот врв на светот. Шеесет години откако Едмунд Хилари и Тензинг Норгај за првпат се качија на „Покривот на светот“, Розов скокна со својот вингсуит костим од истиот тој покрив и го направи највисокиот бејз скок од планина досега.Розов поминал три недели во аклиматизација пред да тргне во освојување на врвот со својот тим за што им требале 4 дена. Тргнале од северната страна, затоа што оттаму имал најдобри услови за слетување.rn

Реклама

rnИнаку Валери Розов е легенда на екстремното скокање. Има 48 години, а од почетоците во 1993 година до денес направил повеќе од 9.000 скокови. Притоа има освоено и многу титули во екстремните спортови во кои се натпреварува.

Ако самиот скок не ви беше доволен, во следното видео во три и пол минути е даден поопширен приказ на неговата авантура.rn



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Најново

Може ќе ве интересира