Ова е новиот моден детаљ по кој полудеа сите трендсетерки
Полека, но сигурно, овој моден детаљ ги освојува сите дами. Не се сите љубители на животинскиот принт, но понекогаш е добро да излезете од удобната зона и да пробате нови работи. Ако планирате да ја освежите вашата гардероба, изберете парчиња со дискретни детали со зебраст принт.
View this post on Instagram
Токму овој дезен станува новиот моден хит ова лето. Поради црно-белата комбинација, лесно се комбинира речиси со сите парчиња облека, не е премногу агресивен како леопардскиот или змискиот принт и сигурно ќе ја направи вашата комбинација попривлечна.
View this post on Instagram
Зебрастиот принт не мора да биде во центарот на вниманието, чантата или сандалите со овој принт се доволни за да имате впечатлива комбинација.
Но, ниту претерувањето не е забрането. Слободно облечете фустан со овој интересен принт и нема да погрешите. Дизајнерите испраќаат порака: „Сè е дозволено сè додека вие се чувствувате убаво“.
View this post on Instagram
Погледнете кои 5 бои се клучни за скап изглед ова лето.