Бои на лакови за нокти што треба да ги имате ова лето

Бои на лакови за нокти што треба да ги имате ова лето

Претходните неколку години, популарните нежни и природни летни нијанси беа надополнети со многу поинтензивни и впечатливи бои. Па така, и ова лето ќе уживате во модерните бои на лакови за нокти, чиј опсег на нијанси се движи од нежни светли до силни неонски нијанси. Овие седум нијанси ќе бидат најпопуларните бои на лакови за нокти за претстојното лето.

1. Неонска жолта боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💕 Emma 🇬🇧🇺🇸 (@emmaheartssnails) on

За да ја направите оваа боја уште поизразена, под неа нанесете еден слој непроѕирен лак. Дополнителен совет: за да постигнете совршена рамнотежа, на ноктите на нозете нанесете кремова нијанса.

2. Огнена мандарина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaby (@dylaby13) on

Оваа нијанса ќе изгледа фантастично на вас, без разлика дали имате потемен тен или не, а се вклопува совршено со чаша ладен егзотичен коктел.

3. Пастелна виолетова

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katja (@tesladaynails) on

Нежна и привлечна, оваа нијанса ќе изгледа многу добро на вашите прсти, особено откако вашата кожа ќе добие потемен пигмент. Оваа боја е совршена за лето и е свежа и женствена.

4. Светла виолетова

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔹𝔹𝔼𝔸𝕌𝕋𝕐𝕆𝔽ℕ𝔸𝕀𝕃 (@bbeautyofnail) on

Едно е сигурно – ова е боја што никого не остава рамнодушен. Оваа живописна нијанса е многу раскошна и одлично се комбинира со лак за нокти во боја на праска што можете да го нанесете на нозете.

5. Морска сина боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nilgün Özyer💎 (@nils_nailart) on

Оваа нијанса ќе ве потсетува на море, на плажа, на лето… Во исто време, тоа е вистинско освежување кое можете да го носите на прстите, во секое време и во секоја пригода.

6. Кремови нијанси

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PARISIAN FASHION (@parisianofficial) on

Сите природни нијанси на беж, од најтемната која е речиси кафеава до корално белата ќе бидат популарни ова лето. Оваа софистицирана боја се вклопува со секоја комбинација и шминка.

7. Азурно сина боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina (@ginalackiert) on

Оваа боја изгледа феноменално и моќно на ноктите. Важно е да изберете квалитетен и густ лак за да не добиете слаб и проѕирен ефект.

Погледнете како да ја носите бојата на лаванда која е хит нијанса за ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар