КАФЕ ПАУЗА

Зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?

Зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?

Мачките понекогаш се однесуваат навистина чудно и нема објаснување за нивното однесување. Меѓу чудните однесувања е и спиењето во мијалникот.rnrnЗошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?rn

Зошто мачките спијат во мијалникот?

rnПостојат неколку теории зошто мачките имаат тенденција да спијат во мијалникот, но тоа не е целосно разјаснето. Меѓу нив е теоријата според која мачките го сакаат обликот на мијалникот затоа што тоа природно одговара на нивната форма на телото и кога лежат во него се чувствуваат заштитени како во кутија.rnrnНивото на стрес кај мачките е значително намалено кога имаат пристап до места каде што можат да се сокријат, како што е кутијата. Затоа се смета дека мијалникот има сличен ефект.rnrnСпоред друга теорија, мачките ги привлекува рамната и ладна површина на мијалникот. По сончањето на прозорецот, тие може да го изладат крзното во мијалникот. Бањите обично се тивки и мирни места и нема врева како во кујната или во дневната соба. Таму мачките можe да се повлечат и да уживаат во мирот и во тишината.rnrnМијалниците се на повисоко ниво, така што оттаму можат безбедно да ја набљудуваат територијата. За некои мачки, спиењето во мијалникот значи дека ќе добијат повеќе галење додека ги убедувате да заминат. Ако им обрнувате внимание додека лежат во мијалникот, мачките ќе се враќаат таму почесто за да ги разгалите уште повеќе.rnrnНајновата теорија вели дека мијалникот е близу до славината, а мачките претпочитаат да пијат проточна вода отколку онаа што е во сад, така што тоа им е идеална можност да дојдат до таква вода.rn

Дали е сè во ред со мачката ако спие во мијалникот?

rnОпшто земено, спиењето во мијалникот е невообичаено однесување, но ако мачката често оди таму, можеби нешто не е во ред.rnrnОднесете ја на ветеринар за да проверите дали вашата мачка има проблеми со дијабетес или со бубрежни заболувања и затоа бара повеќе вода.rn

Како да ја спречите мачката да спие во мијалникот?

rnНајлесниот начин е да го ограничите пристапот до бањата. Затворете ја вратата од бањата, направете ѝ кревет за мачки што личи на мијалник и ставете го во тивка просторија во куќата. Ако причината за лежење во мијалникот е свежата вода, набавете сад што со циркулирање ја одржува водата свежа.rnrnПрочитајте зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор.