Млечен крем од гриз и павлака: Кремаст десерт со овошје по желба

Сподели

Погледнете го овој рецепт како да направите вкусен и освежителен десерт со овошје по ваш вкус.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 500 милилитри млеко
  • rn 011

  • 100 грама гриз
  • rn 011

  • 2 лажици шеќер или по ваш вкус
  • rn 011

  • 2 кесички ванилин шеќер
  • rn 011

  • 200 милилитри павлака за шлаг
  • rn 011

  • онолку млеко колку што ви е потребно да направите мазен крем
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете го млекото да се вари, додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и кога млекото ќе зоврие, додајте го гризот постојано мешајќи за да нема грутки. Гответе неколку минути додека не се зготви гризот и не добиете густа смеса.

Оставете да се излади.

Потоа, во изладениот гриз додајте ја павлаката за шлаг и мешајте со миксер за стапчиња додека да добиете мазен крем, а потоа додајте онолку млеко колку што сакате кремот да биде густ.

Ставете го кремот во чаши и оставете да се излади.

На крајот, исечкајте на коцки овошје по ваш избор (на пример, манго и киви), ставете го на врвот и прелијте со сок од лимета или со овошен прелив од праска.

Погледнете како да направите вкусни и топли сендвичи од тесто за пица.

Популарно

Може ќе ве интересира