7 работи што не треба да ги кажувате никому ако сакате да живеете среќен живот

7 работи што не треба да ги кажувате никому ако сакате да живеете среќен живот

Колку помалку луѓе знаат за вашиот личен живот, толку подобро тој ќе се развива. Среќата ја сака тишината, па ако се пофалите, ќе останете без неа. За да не се случи тоа, овие работи не треба да им ги кажувате на другите луѓе:

7 работи што не треба да ги кажувате никому ако сакате да живеете среќен живот

1. Никогаш не зборувајте за лошите работи што сте ги виделе

Соседите се расправале цела ноќ, човек фрлил камен на напуштено куче, некој не сакал да ѝ отстапи место на бремената жена во автобусот – овие работи ја валкаат вашата душа. Ако го раскажувате лошото однесување на другите луѓе, вие го прифаќате тоа.

2. Не наметнувајте им го вашиот животен стил на другите луѓе

Ако сте верник, не принудувајте ги другите да се молат. Ако сте вегетаријанец, не кажувајте им на другите дека не треба да јадат месо. Ако сте исцелител, не наметнувајте им го вашиот начин на живот на другите. Секој има право да го живее својот живот како што сака.

3. Никогаш не зборувајте за вашите добри дела

„Не дозволувајте левата рака да знае што дала десната рака“ – секогаш потсетувајте се на оваа изрека кога сакате да кажете некому колку сте „добра“ личност. Добротворноста е знак на милост, но само ако молчите за тоа.

4. Не кажувајте никому за вашите планови во животот

Сонувајќи одредени соништа и планирајќи ги вашите цели, создавате облик на размислување, поткрепувајќи го со енергија. Ако на сите им кажете за вашите соништа и планови, ја раздвојувате таа енергија. Мислата ја губи силата, се распаѓа. Плановите се реализираат и целите се постигнуваат само ако останат тајни.

5. Не фалете се колку заработувате

Ако се фалите за нешто, ќе останете без тоа!

6. Ако сте сториле херојско дело, нека биде ваша тајна

Спасивте напуштено куче? Му помогнавте финансиски на соседот кој нема приходи? Носете го тоа во вашата душа како медал. Ако кажете некому, златото се претвора во железо.

7. Тоа што се случува во куќата, останува во куќата

Ако зборувате за негативното однесување на вашиот сопруг или за непослушните деца, вие само ги кажувате семејните проблеми, а несреќата ќе се удвои. Ако зборувате за тоа колку ве сака вашиот сопруг, колку се послушни вашите деца – сето тоа ќе исчезне затоа што среќата сака тишина.

Прочитајте кои други тајни не треба да ги кажувате никому.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар