Многу е тешко да се опише среќата што ја имаат сопствениците на домашни миленици. Кога сте среќни или пак тажни и нерасположени, тие секогаш се до вас со нивната дружба и безусловна љубов. Миленичињата ве охрабруваат да се будите, да јадете, да играте, да спиете и да вежбате редовно.rnrnОд домашните миленици ќе ги одделиме мачките, кои исто како и кучињата, се сметаат за едни од најдобрите пријатели на луѓето.rnrnСпоред едно истражување, некои раси на мачки можат да помогнат дури и во борбата против депресијата. Ако решивте да чувате мачка погледнете за кои 5 раси на мачки станува збор.rn
1. Сфинкс
rnОвие мачки немаат влакна како и другите, но не дозволувајте тоа да ве спречи од нивно посвојување. Според едно истражување, тие многу сакаат да се гушкаат и да бидат на топло, бидејќи обично имаат ниска телесна температура. Ако барате мачка и бескрајни прегратки, тогаш ова е расата за која треба да размислите.rnrn
rn
2. Рагдол
rnОвие меки мачиња се познати по тоа што постојано сакаат да бидат во прегратките на своите сопственици. Тие многу лесно се приврзуваат, а нивното свилено крзно ги прави одлични пријатели за гушкање.rnrn
rn
3. Мејн Кун
rnОвие мачки честопати се користат за терапија, бидејќи развиваат цврсти врски со нивните сопственици. Тие лесно се приврзуваат и го сакаат човечкото внимание, а поради својата големина, луѓето ги нарекуваат нежни џинови.rnrn
rn
4. Сијамска мачка
rnСијамската мачка е една од најпрепознатливите раси благодарение на нивните светло сини очи и клинести глави. Овие мачки сакаат да си играат и многу лесно се приврзуваат со своите сопственици.rnrn
rn
5. Руска сина
rnОвие мачки се лојални, тивки, слатки и ги следат своите сопственици насекаде дома, па немојте да се изненадите ако ве поздрават на влезната врата.rnrn
rnrnПрочитајте и кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.
