Луѓето прават многу работи во име на љубовта. Понекогаш, таа може да го сврти светот наопаку и да го промени нашиот поглед на работите. Во Авганистан и во сончевата Италија, во Германија и во Аргентина – обични луѓе од целиот свет одеднаш сфаќаат дека не можат да си го замислат животот без одредена личност и се подготвени да направат сѐ за таа љубов. Сигурни сме дека љубовта е најголемата движечка сила, а овие книги го докажуваат тоа.rn
1. „Љубов во време на колера“ (Love in the Time of Cholera) – Габриел Гарсија Маркес
rnДали е можно некој да се заљуби додека е млад и да ја носи таа љубов со себе засекогаш? Да, можно е. Како што минуваат годините, работите се менуваат, но вие сѐ уште ја сакате истата личноста. Нема ништо потешко, а истовремено и полесно од љубовта.rnrn
rn
2. „Илјада чудесни сонца“ (A Thousand Splendid Suns) – Калед Хусеини
rnЉубовта е прекрасно чувство. Скриено во вашата душа, забрането и тајно, кое чека да се изрази. Оваа книга зборува за љубовта и војната, за самопожртвуваноста, посветеноста и за моќта на жената.rnrn
rn
3. „Делириум“ (Delirium) – Лорен Оливер
rnОваа книга зборува за свет во кој љубовта е забранета. Таа е болест, најопасен делириум и секој кој ќе го прекрши правилото ќе биде казнет. Секој граѓанин на возраст од 18 години треба да помине низ постапка за ослободување од сеќавањата од минатото кои го носат тој вирус наречен љубов. Лена има само неколку месеци пред постапката и живее како и сите други сѐ додека не запознава една специјална личност.rnrn
rn
4. „Осаменоста на простите броеви“ (The Solitude of Prime Numbers) – Паоло Џордано
rnМногу одамна имало едно срамежливо момче и една осамена девојка која страдала од анорексија. Тие си ги живееле своите животи, а потоа се запознале. Веднаш сфатиле дека меѓу нив постои една невидлива сила што ги поврзува. Момчето велело дека тие двајцата се како простите броеви – осамени и изгубени. Стојат еден до друг, но не можат да се допрат.rnrn
rn
5. „Црниот Обеликс“ (The Black Obelisk) – Ерих Марија Ремарк
rnВо тешките години по Втората светска војна, главниот лик продава надгробни плочи во еден провинциски германски град. Поради инфлацијата во државата му фалат пари, па затоа почнува да свири на оргули во капелата на една болница. Во психијатрискиот оддел на болницата, тој ја запознава љубовта на својот живот.rnrn
rn
6. „Последниот ангел“ (The Gargoyle) – Ендру Дејвидсон
rnВо оваа новела ќе сретнете многу светови и животни приказни за љубовта која е посилна и од болест.rnrn
rn
7. „Земјата под нејзините нозе“ (The Ground Beneath Her Feet) – Салман Ружди
rnСтанува збор за едно момче и девојка кои се запознаваат како деца и веднаш се вљубуваат. Тие безброј пати биле разделени, но сега шетаат низ светот презентирајќи ја својата музика.rnrn
rn
8. „Англискиот пациент“ (The English Patient) – Мајкл Ондачи
rnКнигата раскажува за жена и дете кои живеат во полусрушена вила. По некое време жената ќе се труди да излечи еден изгорен Англичанец, а за возврат тој ќе ѝ ја раскаже својата животна приказна за една љубов која му го спасила животот.rnrn
rn
9. „Гадлф“ (The Gadfly) – Етел Лилијан Војнич
rnОваа книга не е само за љубовта, туку и за пријателството, разбирањето и сопствените избори. Полна е со светлина, но и со горчлива тага од нереализираните соништа. Има толку препознатливи емоции кои се кријат меѓу нејзините страници.rnrn
rn
10. „Ова личи на крај“ (The Sense of an Ending) – Џулијан Барнс
rnЗадоволство е да се сеќаваме на старите денови, па така и главниот лик во оваа книга ужива во тишината и се потсетува на моменти од минатото. Потоа, добива писмо кое ја убива неговата тишина и смиреност.rnrn
rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и некои од овие книги за осаменоста.
