Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

Според легендата, младите брачни парови треба да го засадат овој цвет во својот двор за да ги следи среќа. Опојниот сладок мирис и големите раскошните ливчиња во слоеви го прават божурот еден од најомилените цветови.

Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

Без разлика дали е свежо набран или само мотив на садовите или на постелнината, божурот дава допир на софистицираност во секој ентериер.

Божурот цвета во мај и во јуни, а во вазна може да трае околу 5 дена. Колку почесто цветовите имаат свежа вода, толку подолго ќе траат. Купете ги цветовите додека сè уште се во пупки, но кога веќе имаат боја.

Кога ќе ги ставите во вазна, дајте им средство што го продолжува животниот век на цвеќето, ставете ги во млака вода и потоа, по еден или два часа, преместете ги на поладно место.

Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

5 факти за божурот:

1. Божурите се карактеризираат со женственост и нежност во секоја боја, а постојат розови, бели, жолти и во боја на вино. Во една пригода, Марко Поло ги опишал како рози со структура слична на зелка, што е прилично точен опис бидејќи ливчињата се отвораат на многу интересен начин.

2. Овој фотогеничен цвет потекнува од Азија и е донесен во европските и во американските градини заедно со хризантемата, со магнолијата и со други цвеќиња.

3. Кинезите ги опишуваат божурот како симбол на мирот, на стабилноста и на здравјето и се верува дека носи среќа.

Сликите со божур често се подаруваат и се користат во ентериерите како талисман за успех и среќа.

4. Друго кинеско верување го опишува божурот како цвет што позитивно влијае на хармоничниот брачен живот. Белиот божур се сметаат за симбол на мислите на девојчињата, но и на нивната убавина.

5. Покрај својот раскошен изглед, божурот има и лековити својства. Се смета дека има позитивен ефект врз нервниот систем, ја подобрува меморијата, го намалува холестеролот и има позитивен ефект врз работата на црниот дроб.

Погледнете кој кралски цвет кој го смирува умот и треба да го засадите во дворот или во градината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар