Сите можеме едногласно да се согласиме дека кучињата се одлични пријатели кои секогаш знаат како да ни го подобрат расположението, но едно ново истражување открило дека некои раси можат да помогнат дури и во борбата против депресијата.
Истражувањето ги анализирало различните раси на кучиња фокусирајќи се на оние кои би можеле да го подобрат менталното здравје на луѓето. Повеќето раси на кучиња знаат како да ги направат среќни нивните стопани, но некои се посклони кон гушкање и љубов.
Тимот истражувачи вели дека домашните миленици можат да ни помогнат во тешките времиња, особено кучињата кои се многу интуитивни, па можат лесно да ја препознаат и почувствуваат промената на расположението кај нивните стопани.rn
1. Лабрадор
rnЛабрадорите се разиграни и среќни кучиња кои можат лесно да се издресираат. Поради овие нивни карактеристики тие се омилени кај многу семејства, особено кај оние со мали деца.
rn
2. Вижла
rnОвие кучиња се многу мили и многу лесно се приврзуваат со своите стопани. Ако сакате да посвоите куче кое секогаш ќе биде до вас и ќе сака да се гушка, тогаш одберете ја оваа раса.
rn
3. Пудла (Пудлица)
rnКучињата од оваа раса честопати се опишуваат како многу интелигентни, будни, лојални, активни и интуитивни. Сето ова ги прави одлични придружници!
rn
4. Чихуахуа
rnАко сакате кученце за гушкање, тогаш можете да посвоите чихуахуа. Тие се мали, но тоа не пречи во нивната способност да ви го подобрат расположението.
rn
5. Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс
rnДали сте се запрашале како оваа раса го добила името?
Кралот Чарлс Втори имал вакво кученце кое многу го сакал, па од таа љубов се родило и името на расата.
Погледнете ја оваа листа на филмови со кучиња кои сигурно ќе ве расположат.

