Им нема рамни: Трите најдобро облечени хороскопски знаци
Не е тајна дека одредени карактеристики на хороскопскиот знак влијаат на стилот на облекување, а во продолжение дознајте кои се најдобро облечените хороскопски знаци.
Бик
За припадниците на овој хороскопски знак често се вели дека не постои парче облека што не можат да го носат. Тие имаат непогрешливо чувство за мода и став што ги прави дури и најобичните парчиња облека да изгледаат одлично на нив. Овие личности сакаат квалитетна облека и се подготвени да инвестираат во поскапи парчиња бидејќи знаат дека тоа е долгорочна инвестиција.
Лав
Лавовите не се плашат да бидат најдобро облечените жени во просторијата. Ним не им треба посебна причина за да носат гламурозни или театрални парчиња облека од кои другите не можат да го тргнат погледот. Тие едноставно знаат да ја носат облеката со којашто другите не сакаат да ризикуваат, па Лавовите се доказ дека модниот ризик се исплаќа. Овие личности водат грижа за квалитетот на материјалот и важно им е нивната облека да биде со добар крој.
Вага
Кога станува збор за модата, неодлучните Ваги вешто балансираат помеѓу трендовите и класиката. Тие сакаат облека што е во мода, но во никој случај нема да носат парчиња што не одговараат на нивниот личен стил, без разлика колку се популарни. Овие личности се љубители на класичните кроеви, но многу се разиграни кога станува збор за изборот на материјали, бои и форми.
Прочитајте кои се најинтересните жени во хороскопот и зошто се толку посебни.