КАФЕ ПАУЗА

Филмови со кучиња кои ќе ги расположат сите оние на кои седењето дома им е преку глава

Сто и еден далматинец

Written by

in

,

Кучињата се симпатични крзнени суштества кои обожаваат гушкање, галење по стомакот и храна. Поради моменталната ситуација со пандемијата, луѓето кои имаат кучиња го поминуваат поголемиот дел од времето играјќи си со нив. Без разлика дали имате крзнен пријател во домот или не, можете да изберете некој филм со кучиња и да го гледате за време на карантинот.rnrnВи предлагаме неколку одлични филмови во кои кучињата живеат до крајот на филмот, бидејќи со моменталната состојба во светот никој не би сакал да биде уште потажен.rn

1. „Дамата и скитникот“ (Lady and The Tramp)

rn„Дамата и скитникот“ е анимиран филм за едно богато и разгалено кученце кое се заљубува во еден шармантен скитник. Ова е приказна која зборува за љубовта која секогаш победува, за поделбата на класите и за пронаоѓањето на вашето место во овој свет. Иако во 2019 година беше направен и филм, оригиналот сѐ уште победува.rnrnДамата и скитникотrn

2. „Сто и еден далматинец“ (One Hundred and One Dalmatians)

rnБазиран на романот на Доди Смит, „Сто и еден далматинец“ е филм од 1961 година кој е полн со кучиња и го има еден од најдобрите негативци на Дизни на сите времиња – Круела де Вил. Приказната започнува кога кучињата Понго и Пердита се киднапирани, бидејќи Круела де Вил сака да го искористи нивното крзно за далматински мантил. Тогаш родителите започнуваат авантура за да ги вратат кучињата.rnrnСто и еден далматинецrn

3. „Скуби Ду на островот на мртвите“ (Scooby-Doo on Zombie Island)

rnАко барате нешто повозбудливо тогаш гледајте го „Скуби Ду на островот на мртвите“ каде Скуби Ду се бори со вистински мртовци. Целиот 77-минутен филм е полн со забава, многу мртовци и авантури со бандата од „Мистериозната машина“. Можете да го гледате кога би сакале да се релаксирате без да мислите на друго. Кој не го сака Скуби? Тој е толку добро кученце!rnrnСкубиДуrn

4. „Кучешки денови“ (Dog Days)

rn„Кучешки денови“ е филм за животите на група луѓе и нивните кучиња, а нивните меѓусебно поврзани приказни ќе ве натераат да копнеете по човечка интеракција. Во главните улоги на филмот се Ева Лонгорија, Нина Добрев, Ванеса Хаџенс, Томас Ленон, Рајан Хенсен и Фин Волфард. Не смееме да ги заборавиме и кучињата кои се многу симпатични.rnrnКучешки деновиrnrnЗа повеќе предлози, погледнете ги овие 10 филмови кои ќе ве насмеат.