Повредно од злато: Маслото кое лекува веќе 5.000 години

Сподели

Темјанот е вид мирисна смола која се добива од азиски и африкански дрва. Познат е по неговата лековита моќ, но освен црковните обредни палења, неговото користење е многу ретко.

Реклама

Темјанот има позитивно влијание на човечкото тело, а се користи во козметиката, ароматерапијата, религиските обреди и за лекување веќе 5.000 години. Во ајурведската медицина се користи како лек против астма, го забрзува зараснувањето на раните, го урамнотежува женскиот хормонален состав и штити од инфекции. Во Египет ги балсамирале телата со помош на темјан, па не е ни чудо што имал цена колку и златото.rn

Темјанот ги смирува воспаленијата во организмот

rnТемјанот е познат по неговите антивоспалителни својства благодарение на неговите активни состојки. Темјанот го забавува и го подобрува дишењето, а ова го прави идеален придружник за постигнување хармонија на умот и телото. Неговите антивоспалителни својства се корисни и за одржување на здравјето во усната шуплина. На Блискиот исток луѓето имаат обичај да џвакаат смола од темјан бидејќи го подобрува здравјето на забите и ја спречува појавата на инфекции. Темјанот ја подобрува циркулацијата на крвта, ги регулира симптомите на Хроновата болест и лечи разни цисти.rn

Реклама

Антиканцерогени својства на темјанот

rnНекои истражувања покажале дека темјанот може да помогне во лечењето на некои видови рак. Овде спаѓаат рак на мочниот меур, тумор на мозокот и малиген меланом.rn

Каков темјан да одберете?

rnТемјанот може да се најде во разни облици, а можете да го побарате во билните аптеки и продавниците за здрава храна. Смолата најчесто се увезува од Индија. Етеричното масло од темјан се користи за многу болести на дишните патишта, астма и бронхитис. Се користи и за нега на кожата, а во комбинација со плод од дива ружа ги намалува симптомите на стрес и постпородилна депресија.

Постојат и разни масла, креми, мирисни стапчиња, како и капсули за внатрешна употреба. Етеричното масло од темјан се користи за инхалација, масажа и купки кои ги намалуваат стресот, напнатоста и депресијата.

Реклама

Погледнете ги и 5-те етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот.

Најново

Може ќе ве интересира