КАФЕ ПАУЗА

Како да направите игротека во вашиот дом?

Како да направите игротека во вашиот дом?

Пристигнаа топлите и сончеви денови, но заради сегашната ситуација не сте во состојба целосно да уживате во нив. За семејствата со деца, ова е голем предизвик. Многу е тешко децата да останат дома и за да не се досадуваат потребно е да им го направете што е можно позабавно времето во затворениот простор. Децата се најважни на свет, па затоа дизајнерите на ентериер дошле до неколку идеи  да им помогнат на родителите времето поминато дома со најмладите да биде поквалитетно.rnrnКако да направите игротека во вашиот дом?rn

1. Готвење (и играње) со малите готвачи

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДецата сакаат да бидат возрасни, па кујната може да стане место за дружење и креативна забава. За да ви се придружат и бидат еднакви со вас, добро е да имате преносна скала (за децата да достигнат до работната површина), но малите готвачи можат да работат и на мала кујна соодветна за нив и да користат детски прибор кој е безбеден. Додека малите готвачи вешто ја подготвуваат храната, може да ги чекаат и гостите, нивните плишени играчки.rn

2. Мултифункционален мебел за различните потреби на децата

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnСега, кога поминувате поголем дел од времето дома, важно е мебелот да биде разновиден и прилагодлив за да ги задоволи потребите на децата. Масата во дневната соба може да биде одлично место за интерактивни игри, особено доколку на сè додадете доза креативност и низ масата залепите ленти со ознаки. По играта, реквизитите можете да ги ставите под масата во корпа за складирање.rn

3. Ослободете го подот во дневната соба, нека стане простор за слобода и креативност!

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnНа слободната игра често и е потребно многу простор за слободно движење. Ослободете го подот во дневната соба за децата да можат да ја користат својата имагинација и креативност. Во овие игри може да помогнат и теписите кои во еден момент може да се претворат во „море“, како и во „терен“ за спорт.rn

4. Едноставно направете соба во соба

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДецата сакаат да имаат свое место за играње. Со подлога за вежбање лесно можете да го преградите просторот и да направите соба во собата, а во тоа може да ви помогне и мал шатор. Чаршавите и перниците можат да придонесат децата да скокаат и да си играат, но и да создадат свои кралства за игра.rn

5. Детски театар во домот

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnИако децата моментално не можат да ги посетуваат театрите за деца, тие лесно може да создадат нивни. Со потемни завеси можете да направите театарска атмосфера и сцена за мали детски претстави. Особено ќе им се допадне доколку возрасните ги заземат позициите во првиот ред, па затоа ќе бидат потребни и неколку столчиња. Со плишените играчки може да се направи и куклена претстава.rn

6. Активности на балконот

rnКако да направите игротека во вашиот дом?rnrnДоколку имате балкон или тераса, децата сигурно ќе уживаат во активностите надвор. Пластични шарени столчиња и маса можат да бидат инспирација за нивната креативност, а предноста е во тоа што тие лесно се пренесуваат од просторја во просторија. Вештините за цртање децата можат да ги покажат на подот. Знаете дека децата сакаат да се кријат, па активна игра за децата би била да им направите тунел со соодветна подлога.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 6-те способности што децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.