КАФЕ ПАУЗА

8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот имунолошки систем.rnrn8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!rn

1. Добар е за здравјето на кожата

rnТој е полн со антиоксиданси кои ја штитат кожата спречувајќи ги слободните радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создадат проблеми.rnrnИсто така, богат е со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштита на кожата од УВ зраците, така што консумацијата на спанаќ штити од сонцето.rnrnВитаминот Ц го поддржува производството на колаген во нашата кожа, го спречува развојот на брчките и ја стимулира еластичноста на кожата.rn

2. Ги зајакнува мускулите

rnОвој зеленчук, исто така, содржи голем процент нитрати кои помагаат во изградбата на мускулното ткиво.rnrnНитратите се одговорни за зголемениот проток на крв и им помагаат на мускулите да работат, а со тоа го помагаат и развојот на мускулните влакна.rn

3. Го чува срцето

rnГликолипидите кои се наоѓаат во овие зелени зеленчуци му помагаат на телото да произведе азот оксид, а оваа молекула предизвикува крвните садови да се шират и со тоа да се намали напрегањето на срцето. Крвта на тој начин циркулира полесно во телото и го намалува крвниот притисок.rn

4. Го намалува ризикот од дијабетес

rnСпанаќот содржи и магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за да се намали ризикот од дијабетес.rnrnКонсумирањето спанаќ обезбедува доволна количина магнезиум во организмот. Една чаша спанаќ на ден содржи 6% од дневниот внес на магнезиум.rn

5. Овозможува чувство на ситост подолго време

rnЕдна чаша од овој зеленчук содржи и 3% од препорачаната дневна доза на влакна. Салатата од спанаќ е идеално јадење ако сакате витка линија затоа што растителните влакна овозможуваат чувство на ситост.rnrnТие го забавуваат варењето на храната, но важно е да пиете многу вода за да му помогнете на влакната да си ја завршат работата.rn

6. Може да го намали холестеролот

rnЛутеинот што се наоѓа во оваа храна, исто така, го спречува високиот холестерол бидејќи му помага да не се задржи и собира во артериите.rn

7. Го одржува здравјето на очите

rnСпанаќот ги штити очите од штетните УВ зраци, но и од дегенерација и катаракта на очите.rnrnДвата антиоксиданти кои му помагаат на здравјето на очите се лутеин и зеаксантин и тие го намалуваат оштетувањето на леќите од сонцето.rn

8. Го подобрува расположението

rnПокрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има корисен ефект и врз менталното здравје. Како и другите лиснати и зелени зеленчуци и тој се смета за природен антидепресив.rnrnИсхраната која вклучува спанаќ придонесува и за здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресијата. Зголемувањето на нивото на магнезиумот нè прави посреќни бидејќи влијае и на нивото на серотонин во крвта.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 8-те продукти кои се покорисни за женското здравје од суперхраната.