Главниот извор на информации на секое дете се неговите родители. Но, тоа не значи и дека тие се најдоверливиот извор. Во продолжение ви ги откриваме 7-те најбесмислени лаги со кои сите наши родители нè лажеа во детството, а ние пак, безусловно им верувавме.rnrn
rn
1. „Кога лажеш, ушите ти зацрвенуваат“
rnСо овој трик знаеле да се користат многу родители. Но, црвените уши не се знак за лажење. Всушност, крвните жили во ушите ја регулираат температурата на телото, а доколку се зацрвенат, тоа значи дека телото се прегрева. Другата популарна варијанта била: „Носот ќе ти порасне како на Пинокио доколку лажеш“.rn
2. „Потргни се од телевизорот, ќе ти се оштети видот“
rnЧестопати оштетувањето на видот се поврзува со преблиското гледање во телевизор или во компјутер. Но, тоа не е вистина, бидејќи постои низа фактори заради кои доаѓа до оштетување на видот, а овие екрани ретко кога имаат некаква позначајна улога.rn
3. „Немој да ги ‘пукаш’ зглобовите, ќе добиеш артритис“
rnВо прашање е уште една невистина. Всушност не „пукаат“ зглобовите туку меурите воздух кои се наоѓаат помеѓу нив.rn
4. „Ако голтнеш гума за џвакање, таа ќе ти остане во желудникот неколку години“
rnОва беше лагата за која секогаш размислувавме додека имавме гума за џвакање во нашите усти. Но, и гумата за џвакање се вари подеднакво како и останатата храна која ја консумираме. Единствена разлика е тоа што нејзиното варење ќе потрае малку подолго од обично.rnrn
rn
5. „Ќе добиеш брадавици ако допреш жаба“
rnСекако дека допирањето жаба не е најдобра идеја, но брадавиците се предизвикани од намален имунитет и од хумани папилома вирус.rn
6. „Ако предолго играш видео игри, ќе го расипеш телевизорот“
rnБез разлика на тоа колку долго ќе играте игри, телевизорот е потрошна роба која порано или подоцна ќе се расипе дури иако не се користи секојдневно.rn
7. „Косата ќе ти расте побрзо ако одиш почесто да се пострижуваш“
rnРедовното пострижување се препорачува заради одржувањето на здравјето на косата, но со премногу честото пострижување никому досега не му пораснала брзо.rnrnВистина е дека родителите се служат со разни лаги, а ова се лаги кои секој родител барем еднаш му ги кажува на своето дете.