Со цело срце сме со вас
Ова е време кога едноставните нешта што сме ги правеле цел живот веќе не можеме да ги правиме. Поради невидливиот непријател наречен ковид-19 не можеме да си ги прегрнеме пријателите и да се ракуваме, да отидеме на концерт или во кино, да си се собереме роднини на неделeн ручек. Ова е време кога изолацијата е неопходна за да можеме наскоро повторно да уживаме заедно со најдрагите.
Кога ни е тешко бараме утеха во познатото, се потпираме на она што ни се чини дека го знаеме отсекогаш. Понекогаш е доволен вкусот на овошен јогурт за појадок да нѐ потсети на утрата во канцеларија со колегите и да се почувствуваме дека повторно сѐ е нормално.
Она што сакаме да го знаете е дека во вакво тешко време можете да се потпрете на нас. Млекара Шабац веќе 7 децении е дел од вашите омилени моменти и никогаш во овие 70 години традиција не сме дозволиле нешто да влијае на квалитетот и високите производни стандарди па затоа и сега сме подеднакво тука за вас со истиот квалитет и истата достапност на најдобрите производи за вас и вашето семејство. Во вакви моменти, стоиме храбро и #СоЦелоСрцеСоВас!
Целосно сме подготвени за сето времетрање на оваа ситуација, посветено и солидарно и без никаков компромис во однос на квалитет и безбедност на храната, да придонесеме во заедничките напори за што побрзо враќање на нормалното секојдневие. Токму затоа постојано ги следиме упатствата и мерките на владите во регионот со цел да се прилагодиме на најдобрите пракси кои покажуваат успех во справувањето со вирусот и го успоруваат неговото ширење. Искрената грижа за здравјето и безбедноста на сите наши вработени, купувачи и деловни партнери е наш приоритет и затоа веднаш презедовме заштитни мерки во производните процеси, дистрибуцијата и продажбата кон кои континуирано се придржуваме.
Трогнати сме од нивната посветеност и бескрајно благодарни на медицинските работници за секоја минута од нивното време вложена во напор да обезбедат најдобра грижа за здравјето на сите. Нивната пожртвувана работа нека биде мотивација на сите нас за да бидеме одговорни и солидарни, да останеме дома и на тој начин да помогнеме во справувањето со целата ситуација.
Одлуките кои сега ги донесуваме, а се базирани на вистински човечки вредности, се оние кои ќе донесат подобра иднина за сите нас.
Ви благодариме што #СедитеДома.
Ние сме постојано тука, #СоСрцеСоВас!