15 начини како да ја претворите скалата во најубавата полица во домот
Скалата е едноставна алатка која овозможува пристап до повисоки или пониски површини. Во последните неколку години, оваа алатка стана неопходен дел во уредувањето на домот, но и на балконите, терасите и градините. Особено популарни се дрвените скали кои лесно се претвораат во атрактивни полици за разни предмети.
Едноделната скала можете да ја потпрете на ѕидот во дневната или во спалната соба, во бањата или во кујната и на неа да обесувате сè, од облека до крпи. Можете да додадете и метални куки на скалите, па да ги украсите со шолји, врамени фотографии и други разни предмети. Ако имате помали деца во куќата, не заборавајте да ја фиксирате едноделната скала на ѕидот за да спречите незгоди.
Дводелната скала зазема малку повеќе простор, но затоа нуди поголема површина за уредување. Скалите можат да бидат одлично место за чување шминка, свеќи или убави садови.
Ако имате стара скала што веќе не ја употребувате, претворете ја во убава полица. Потребни ви се само украсна хартија, боја за дрво и малку трпение. Во продолжение, погледнете ги фотографиите за да добиете инспирација како да ја вметнете скалата во вашиот ентериер.
Погледнете кои се новите трендови за дизајнирање на ентериерот.