Додека некои луѓе го обожаваат летото, некои едноставно не можат да ги издржат високите температури, но едно е сигурно: сите ја сакаат летната шминка. Летната шминка е ведра, свежа и сјајна, па бидејќи ќе имате потемен тен, потребна ви е минимална шминка за да изгледате одлично. Погледнете кои трендови за убавина ќе бидат во мода во текот на претстојното лето.rn
Светлорозови усни
rn
rnrnЗаборавете на црвениот кармин до почетокот на есента. Во текот на летото ќе доминира светлорозовиот кармин во боја на лубеница. Одозгора ставете бисерна пудра во прав за да трае подолго. Не плашете се да додадете розови нијанси на очните капаци и на образите.rn
Тенка линија ајлајнер
rn
rnrnСè што ви треба е ајлајнер со остра и мала четка. Се препорачува да го нанесете производот кон слепоочницата за да постигнете изглед на мачкини очи.rn
Големи веѓи
rn
rnrnВеќе не ви се потребни моливче или сенка за веѓите. Сè што треба да направите е да ги четкате веѓите нагоре и да ги поправите со проѕирен гел.rn
Розово руменило
rn
rnrnАко природата ви дала природно руменило, радувајте се! Тоа ќе биде еден од најпопуларните летни трендови. Ако не, тогаш набавете си четка и розово руменило.rn
Ефект на влажна кожа
rn
rnrnВлажната кожа не е нов тренд, а многумина веќе го обожаваат. Овој ефект можете да го постигнете со помош на хајлајтер. Ако имате мрсна кожа и мислите дека овој тренд не е за вас, обидете се со сув хајлајтер.rnrnПогледнете кои се 8-те летни трендови што веќе можете да ги видите на Инстаграм.