КАФЕ ПАУЗА

Психолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувства

Психолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувства

Written by

in

,

Важно е да знаете дека ништо не морате, а сè можете, но мора да почекате да дојде вистинското време.rnrnПсихолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувстваrnrnВонредната ситуација и како да се носите со неа?rnrnВонредната состојба, како што кажува и самото име, носи со себе многу работи кои отстапуваат од секојдневниот живот, рутината и она што го правите вообичаено. Во моментов сме во ваква состојба заради појавата на коронавирусот поради што, за да се спречи ширењето на истиот, сите сме затворени во своите домови. Ова не е никому пријатно, дури и на оние луѓе кои се навикнати и сакаат да поминуваат долго време меѓу 4 ѕида. Зошто? Затоа што сега немаат друг избор.rnrnСепак, далеку од тоа дека ова е нешто со што секој не може да се справи. Најважно е само да се слушате себеси.rnrnНекои ќе направат список на активности кои мораат или сакаат да ги направат во текот на денот, други ќе „пловат во својот свет“, трети ќе го поминат целиот ден со омиленото хоби.rnrnПсихологот со кој разговаравме вели дека додека ги разгледувал социјалните мрежи деновиве, прочитал многу совети за тоа што може да се направи во изолација за брзо да минува времето, со цел да се задржи дневната рутина и чувството на продуктивност. Читајќи ги текстовите, нашиот стручњак се прашувал: „Но, што ако некој нема желба да се занимава со средување на ормари или следење онлајн курсеви? Какви чувства може да се појават кај луѓето кои спијат подолго овие денови или гледаат серии во текот на целиот ден или едноставно прават работи за кои немале време, иако силно посакувале да ги прават, но ним им се препорачува да читаат?rnrnВонредната состојба,  сама по себе носи и некои вонредни чувства. Никој не доживеал слична ситуација и не може да го каже „вистинскиот рецепт“ за тоа како да се искористи времето најдобро што може. Многу е важно да се слушат телото и емоциите и однесувањето да е усогласено со нив.rnrnГолема е веројатноста расположението да се менува во текот на денот и во некои денови многу брзо да се менуваат здравите и нездравите емоции, но важно е да се нагласи дека ваквата промена е реакција на оваа ситуација и нема потреба од обид да се контролира, туку важно е да се препознае и да се остави да се случува, бидејќи ќе помине, објаснува психологот.rnrnВажно е да се фокусирате на работи што се под ваша контрола, а тоа е избегнување на блиски контакти со луѓето вон домот и одржување на лична и просторна хигиена, советува стручњакот и дава заклучок дека е важно да размислиме за нашите вредности и да ги препознаеме ресурсите кои можеби ги поседуваме, но не сме свесни за тоа.rnrnНајважно од сè е да останете дома и на тој начин секој да придонесе во борбата против вирусот.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат.