Сопствениците на мачки кои се во самоизолација и со симптоми на коронавирусот, треба да ги задржат милениците во својот дом за да спречат животното да го пренесува вирусот доколку го има на крзното, советуваат ветеринарите.rnrn
rnrnПретставниците од британското здружение на ветеринари соопштиле дека животните може да бидат преносители и може да го задржат вирусот на своето крзно доколку ги допре човек кој е заразен со коронавирус.rnrnТие на сопствениците на миленичиња кои имаат коронавирус или се во изолација, им препорачуваат нивната мачка да ја чуваат затворена, доколку имаат услови, се додека не помине периодот на инкубација и додаваат дека вирусот може да преживее на нивното крзно, исто како и на другите површини, како што се масите и кваките.rnrnТие нагласуваат дека сопствениците на миленичиња треба особено да внимаваат на хигиената на рацете.rnrnВетеринарите истакнуваат дека не советуваат сите мачки да останат во затворен простор, по секоја цена, туку дека сопствениците треба да го сторат тоа само ако мачката сака да е дома. Исто така, додаваат дека некои мачки не можат да останат во затворен простор поради здраствени причини и тоа е премногу стресно за нив.rnrnИма многу малку случаи во кои животните се позитивни на коронавирусот, еден од нив е тигар во зоолошката градина во Бронкс, но дури и во тие случаи нема докази дека животните може да им го пренесат вирусот на луѓето.rnrnМногу е важно луѓето да не паничат за своите миленици. Нема докази дека животните може да ја пренесат болеста на луѓето, советуваат од Британското здружение на ветеринари.rnrnВрз основа, се претпоставува дека кучињата не покажуваат симптоми, но мачките може да покажат клинички знаци на болеста.rnrnПоголема причина за загриженост е доколку заразените сопственици ги галат мачките, и потоа тие го напуштат домот, а потоа ги галат, чешкаат и гушкаат други луѓе.rnrnСепак, мислењата се поделени во врска со прашањето дали миленичињата може да го пренесат вирусот на овој начин.rnrnАмериканското ветеринарно медицинско здружение има поинакви совети за сопствениците на миленичиња.rnrnТие на нивната официјална веб-страна објавиле дека важно е да се запомни дека во моментот нема причина да се верува дека домашните животни може да бидат причина за заразување со новиот коронавирус.rnrnЗатоа, не постои причина за да се отстранат миленичињата од домовите во кој има позитивни на ковид 19, освен ако постои ризик заразеното лице да не може да се грижи за нив. Во ваквите случаи, миленичињата и луѓето имаат потреба од меѓусебна поддршка, а ветеринарните лица треба да се погрижат за нивното добро, објаснуваат тие.rnrnСпоред нив, теоретски, ако пациентот кој го има вирусот во својот нос го допира носот и вирусот се пренесе на рацете, па го погали кучето, а потоа друг член на семејството го погали кучето на истото место и се допре на носот, тогаш би можело да дојде до пренесување на вирусот, Но, додаваат и дека доколку живеете во куќа со личност која е заразена од вирусот, фактор на ризик е човекот, а не миленичето.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите?
Ветеринарите предупредуваат: Еве на што треба да посветите особено внимание ако сте во самоизолација и имате мачка!
