Што нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот

Што нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот

Една лекција доминира над сите: време е за нов начин на живот. Заспавме во еден свет и се разбудивме во друг. Светот се промени. Местата за аџилак се празни. Изгледа Бог веќе не е таму или на некое друго место, тој е горе. Можеме да го најдеме Бог внатре: во домот, во самите нас.

Што нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот

Пандемијата покажа дека 90% од професиите и активностите не се задолжителни, дури се и бескорисни. Време е да го откриеме нашиот потенцијал, нешто што навистина има смисла, а не нешто впечатливо и насилно.

Дојде време вистински да ги откриеме задачите на нашата душа. Не е време за опстанок, време е за почеток на животот.

Дизниленд веќе не е магија, Париз веќе не е романтичен, рестораните и трговските центри веќе не се толку значајни, Кинескиот Ѕид веќе не е толку привлечен.

Сега е очигледно дека овие работи не нè забавуваа, туку ни го одвлекуваа вниманието бидејќи ги има премногу. Тие ни го одвлекоа внимание од нас самите. Но, сега имаме многу време за вистинските работи. Сега сите разбраа што е најважно – душата!

Сега ги разбираме миленичињата. Сфативме како се чувствуваат затворени во 4 ѕида по цел ден. Малку е веројатно дека човештвото по карантинот ќе продолжи да ги чува кучињата и мачките дома затоа што сега сите знаат како е да се живее таков живот.

Природата нè стави на вистинското место!

Личната и жива комуникација стана луксузен и забранет плод. Сега знаеме колку е таа вредна. За да ја почитувате природата, не менувајте ја комуникација во живо за онаа преку Интернет.

Тоа што не ги посетуваме родителите и роднините се претвори во манифестирање на грижата и на љубовта. Сега сфаќаме колку ни се важни и колку навистина нè сакаат. По карантинот, ќе го цениме времето поминато со нив и тоа ќе го правиме почесто.

Одземено ни е она што не го ценевме, така што конечно ќе ја цениме среќата. За неколку дена сфативме дека луксузот, убавината и парите не вредат ништо, затоа што кога немате кислород, ништо друго не е важно.

Сите се еднакви. Она што е навистина вредно, не е она по што сите трчаа. И додека сме затворени, природата се лекува.

Природата станува поубава, почиста, похармонична. Со заклучување на луѓето, Бог ни даде до знаење дека ние не ѝ сме потребни на природата, туку дека таа ни е потребна нам.

Кога ќе излеземе надвор не треба да заборавиме дека ние сме гости на оваа планета, а не нејзини господари.

Прочитајте како да се поврзете со природата додека сте во изолација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар