Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

Мислите дека сте безбедни од коронавирусот ако го поминувате времето во вашиот дом? Тоа би можело да биде точно, но само ако не ги практикувате овие нездрави навики.

Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

1. Не се грижите за нередот околу вас

Сега кога вашиот дом стана истовремено и работно место, теретана и место за одмор и медитација, нередот на кој инаку не му обрнувавте внимание може негативно да влијае на вашето ментално здравје.

Поради тоа, одвојте десет минути секоја вечер пред спиење за да ставите сè на своето место.

2. Не чистите темелно

Многу е важно да обрнете внимание на темелното чистење на површините бидејќи токму таму микробите и бактериите остануваат најдолго. Иако научниците сè уште го проучуваат Ковид-19, истражувањата откриле дека вирусот може да живее 72 часа на пластични површини и 4 часа на бакар.

Работните плочи во кујната, рачките на вратите, држачите на скалите и играчките се површини на кои вирусот може да живее со денови.

3. Не ги менувате филтрите за воздух

Квалитетот на воздухот е клучен за одржување на здравјето, особено сега кога поминувате поголем дел од времето во вашите домови. Ако често го користите клима-уредот без редовно да ги менувате филтрите, дозволувате воздухот исполнет со бактерии, микроорганизми, прашина и други загадувачи слободно да се движи низ вашиот дом. Тоа може да доведе до појава на симптоми како главоболка, замор, гадење, иритација на очите, носот и грлото.

4. Не ги соблекувате чевлите кога влегувате во вашиот дом

Соблекувањето на чевлите е корисна мерка на претпазливост за да избегнете ширење на микробите и на бактериите во вашиот дом.

Истражувањето кое е спроведено од страна на Универзитетот во Аризона открило шокантни резултати. На чевлите што ги испитувале научниците, тие откриле дека во просек има 421.000 бактерии од надворешната страна на чевлите и 2.887 од внатрешната страна.

5. Не ги кревате ролетните

Ако ролетните ви се постојано спуштени во текот на денот, време е да ја прекинете оваа нездрава навика. Сонцето е многу важно за вашата физичка и психичка благосостојба и го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Исто така, го намалува крвниот притисок и ви помага да имате поквалитетен сон.

6. Не ги миете рацете откако ќе влезете во куќата

На овој начин го доведувате целото ваше семејство во опасност од ширење на вирусот или на други бактерии. Според центрите за контрола и спречување на болестите, миењето раце може да спречи околу 30% од заболувања поврзани со дијареја и околу 20% од респираторните инфекции. Затоа, миењето на рацете е важен фактор во борбата против ширењето на Ковид-19.

7. Постојано користите мирисливи свеќи

Мирисливите свеќи се направени од парафински восок кој испушта токсини во воздухот.

Свеќите што горат во затворен простор може да ослободат голем број токсични хемикалии, вклучително и ацеталдехид, формалдехид, акролеин и други штетни материи.

8. Не се поместувате од каучот

Самоизолацијата звучи како голем изговор за да ги изгледате сите пропуштени серии на Нетфликс и да ги прегледате сите репризи. Сепак, лежењето на каучот со часови може да влијае на вашето ментално здравје.

Треба да знаете дека постои поголем ризик за развој на депресивни симптоми кај луѓето кои поминуваат повеќе од шест часа на ден гледајќи телевизија или користејќи компјутер.

Погледнете кои 7 навики ја продолжуваат младоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар