Совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо

Совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо

Пицата е омилено јадење на многу генерации. На забави со семејството и пријателите, на прослави и родендени, таа е секогаш присутна. Постојат многу различни начини на нејзина подготовка, а од мноштвото рецепти, денес ви го предлагаме овој.

Совршен предлог за денешниот ручек: Пица од месо

Потребни состојки за тесто:

  •     500 г брашно
  •     250 мл вода
  •     70 мл масло
  •     15 г квасец (3-4 гр сув)
  •     1 лажичка шеќер
  •     1 лажичка сол

Начин на подготовка на тестото:

  1. Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте.
  2. Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица.
  3. Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте.
  4. Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица.
  5. Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо.
  6. Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото.
  7. Од оваа мера има тесто за две големи фамилијарни пици. Тестото е меко и може да се развлече со раце.

Потребни состојки за фил:

  • 500 г мелено месо по ваш избор,
  • 1 чешне лук,
  • 1/2 дл масло (маслиново или обично по избор),
  • 2 поголеми свежи домати,
  • 100 г чадена шунка,
  • 200 г моцарела сирење,
  • оригано,
  • сол и бибер.

Начин на подготовка на пицата:

  1. Додајте сол, бибер, масло, сечкан лук во месото и добро измешајте и пропржете го во тава на оган.
  2. Исечете го доматот на коцки. Вклучете ја рерната на 250 °С.
  3. Наредете ја мешавината од месо врз растегнатото тесто со дебелина што ви одговара најдобро, но не повеќе од 1 см.
  4. Додајте ги доматите над месото и посипете со оригано. По желба додајте шунка и моцарела. Сето тоа ставете го во загреана рерна и печете 15 минути.

Можеби сакате да го прочитате и овој одличен рецепт за појадок: Јајце во лиснато тесто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар