КАФЕ ПАУЗА

Денот кога може да се случи чудо: Полната месечина на овој ден ќе има значително влијание врз животот на секој хороскопски знак

Денот кога може да се случи чудо: Полната месечина на овој ден ќе има значително влијание врз животот на секој хороскопски знак

Полната месечина на 8 април ќе донесе големи промени на глобално и на лично ниво. Ова е период кога сите ќе го покажат своето вистинско лице, па љубомората и алчноста ќе испливаат на површина, но и сите тие добри квалитети на луѓето околу вас. Ова ќе ви овозможи да откриете со какви луѓе си имате работа. Многу хороскопски знаци ќе наидат на големи промени што можеби не ги очекувале, но тие се неизбежни и ќе мора да ги прифатите. Во продолжение прочитајте како ќе влијае полната месечина врз секој хороскопски знак.rnrnДенот кога може да се случи чудо: Полната месечина на овој ден ќе има значително влијание врз животот на секој хороскопски знакrn

Овен

rnОваа полна месечина ќе биде во вашето седмо поле што е поле на партнерските односи. Треба да одржувате рамнотежа во овие односи и да не донесувате одлуки под влијание на излив на емоции. Само внимавајте да не дејствувате премногу брзо.rn

Бик

rnОваа полна месечина ќе се случува во вашата шеста куќа на секојдневниот живот, работата и здравјето. Бидејќи вашата планета Венера е во Близнаци, вашата втора куќа, ве очекуваат промени и разговори за работата и за финансиите. Некои Бикови може да ја запознаат својата сродна душа преку работата.rn

Близнаци

rnПолната Месечина ќе биде во вашето петто поле, кое е поврзано со љубовта, децата, забавата и спортот и на тоа поле ве очекуваат пресврти што би можеле да бидат сосема нејасни, а вашата планета Меркур е сè уште во Риби, што ги прави работите уште понејасни.rn

Рак

rnКај Раковите, оваа полна месечина се случува во четвртата куќа на домот и на семејството, така што на тоа поле може да има многу напнатост и несогласувања. Сепак, Месечината е ваш владетел, што ве прави чувствителни, па затоа треба да бидете претпазливи и да не донесувате емотивни одлуки.rn

Лав

rnМесечината ќе има силно влијание врз вашата трета куќа, која е симбол на комуникацијата, на браќата и сестрите, роднините, населбите, сообраќајот и уште многу други симболи на Меркур. Може да имате проблеми на овие полиња, па затоа внимавајте ако склучувате договори или ако преговарате за нешто и не извлекувајте заклучоци од емоциите што сега се многу нереални.rn

Девица

rnМесечината е во вашето второ поле, што е поврзано со материјалното, како недвижен имот, земја и пари, така што може да има расправа или поделба на имотот. Многу луѓе сега можат, од емотивни нагони, да помогнат или да потрошат пари непланирано.rn

Вага

rnОваа полна месечина е директно поврзана со вашиот ментален склоп и со физичкиот изглед, така што таа ќе се обиде да ги усогласи вашите емоции со вашето тело. Можеби ќе треба да откриете како да му се претставите на светот или да ставите маска во која ќе се чувствувате најдобро.rn

Скорпија

rnОваа полна месечина се случува во вашето дванаесетто поле, кое е симбол на изолацијата, духовноста, медитацијата, психата, тајните и сл. Сега можете да ги покажете вашите искуства, таленти и вашите плодови на мудроста. Сепак, треба да бидете претпазливи бидејќи оваа месечина може да направи некои пропусти.rn

Стрелец

rnКај вас, оваа полна месечина се случува во единаесеттото поле на надежта, желбите, очекувањата, здруженијата, разните тимови, групи и пријатели и тоа е местото каде што ќе се насочи енергијата на месечината. Многу луѓе ќе дочекаат да им се исполни нешто долгоочекувано, додека некои може да бидат разочарани, особено во љубовта или во пријателството.rn

Јарец

rnОваа полна месечина се случува во вашето десетто поле на вашата кариера, на шефовите, на авторитетите итн. Многу Јарци сега може да доживеат промена на ова поле, така што некои личности ќе се вратат на старото, додека други ќе поминат низ целосна трансформација.rn

Водолија

rnОваа полна месечина се случува во вашето деветто поле на студирањето, знаењето, филозофијата, патувањата, религијата итн. Многу луѓе може да имаат промени во овие сфери и позитивно ќе ги изненадат некои личности и ќе им дадат надеж за иднината. Сатурн и Марс се во вашиот знак и ќе ви дадат можности што може да бидат блокирани од некој стар проблем.rn

Риби

rnОваа полна месечина се случува во вашата осма куќа, која е одговорна за трансформацијата, за финансиите, за сексот и за крајот на нешто за да активирате нешто ново, така што оваа полна месечина ќе ги осветли овие аспекти во вашиот живот и ќе ви даде внатрешната моќ да тргнете по својот пат.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци отворено зборуваат за своите чувства.