КАФЕ ПАУЗА

Комплименти кои секоја жена би сакала да ги чуе повеќе од „убава си“

Секоја жена сака да слуша комплименти, а ние најмногу сме навикнати да ги споделуваме оние за изгледот. Но, постојат голем број комплименти кои не се поврзани со надворешната убавина, а сепак на жените им значат многу. Тие не треба да се штедат, па токму затоа и треба да почнете уште веднаш да ги кажувате. Постои многу повеќе во жената од само нејзината убавина.rnrnКомплименти кои секоја жена би сакала да ги чуе повеќе од „убава си“rn

1. „Навистина знаеш како да ислушаш“

rnЖивееме во време каде што постојано сме бомбардирани со информации и различни нешта кои ни го одвлекуваат вниманието, па затоа способноста да се слуша е една од најценетите врлини. Кога ќе ѝ кажете на жената дека знае да слуша, вие ѝ давате до знаење дека ја цените нејзината присутност како и вниманието кое го покажува во текот на разговорот.rn

2. „Ти си многу силна личност“

rnОтпорноста, односно способноста брзо да ги надминувате потешкотиите, е една од најголемите тајни за среќата. А кога ќе ѝ кажете на една жена дека е силна, вие ѝ давате до знаење дека ја забележувате нејзината природна емоционална агилност. Според психолозите, способноста за брзо надминување на тешките времиња е една од најсилните црти на човечкиот карактер.rn

3. „Одлично си ја сработила работата“

rnСекоја жена се чувствува одлично кога некој ќе ја пофали работата во која вложила труд и страст. Овој комплимент ѝ дава до знаење дека нејзиното залагање е забележано и ценето. Истражувањата покажале дека сме многу попродуктивни на работа кога сме среќни, па нема подобар начин на кој можете да ширите позитивни вибрации од комплиментите за трудот.rn

4. „Ме инспирираш“

rnКога жената ќе чуе дека е нечија инспирација, нејзиното расположение во истиот момент ќе се подобри. Да се биде опколен со луѓе кои инспирираат не само што е добро за работата, туку влијае позитивно и врз односот со другите луѓе.rn

5. „Ти си неверојатна мајка“

rnСекоја мајка поминува низ моменти кога се прашува дали завршува добра работа, без разлика колку се труди. Токму затоа и кога некој ќе ѝ каже дека таа одлично ги воспитува своите деца и е прекрасна мајка, тоа ќе биде еден од најубавите комплименти кои некогаш ги чула. Исто така, постојат големи шанси дека токму оваа пофалба да ѝ помогне да надмине многу предизвици во мајчинството во иднина.rn

6. „Ти си прекрасна пријателка“

rnКога ќе ѝ кажете дека е неверојатна пријателка, вие ќе ѝ дадете до знаење дека е една од најважните личности во вашиот живот. Зарем познавате човек кој не сака да се чувствува прифатено?rn

7. „Имаш прекрасно срце“

rnСекој може да даде комплимент за убавото лице, но како што старееме, така нештата кои ги носиме во нас стануваат многу поважни. Ако навистина сакате да допрете до некоја жена, тогаш дајте ѝ комплимент за личноста која е, за нејзината смисла за хумор, срцето, душата… Тоа се оние нешта кои ја сочинуваат сржта на човекот, а не облеката која се носи.