КАФЕ ПАУЗА

15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсичен

15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсичен

Фазата на заљубеност не трае вечно и сосема е нормално да имате расправии во бракот или во долгата врска, но постои разлика помеѓу нормална расправија и токсичен однос. Главниот знак за токсичен однос е кога чувствувате дека врската е повеќе дисфункционална отколку функционална, а во продолжение прочитајте кои други знаци откриваат дека сте во токсична врска.rnrn15 знаци дека вашиот однос со партнерот станува токсиченrn

1. Долги напнати периоди без да разговарате

rnОтвореноста и довербата се клучни за здрав однос. Ако не комуницирате, оставате простор за појава на други негативни емоции како што се лутината и бесот. Нема да најдете решенија за вашите проблеми ако не кажете отворено како се чувствувате.rn

2. Избегнувате разговори за емоциите

rnТоа доведува до огорченост, емоционална отуѓеност и проблеми што на крајот ќе ја надминат емоционалната блискост. Не е добро да ги чувате емоции во себе и не е во ред да не прифатите разговор во кој вашиот партнер ги искажува своите чувства.rn

3. Расправијата завршува полошо отколку што започнала

rnОва доведува до фрустрации кои само се насобираат. Договорете се за основните правила на комуникација за решавање на несогласувањата. Бирајте ги зборовите додека разговарате и воздржете се од изговарање нешто што може да ве натера да се покаете подоцна.rn

4. Вашиот партнер е претерано критичен кон вас

rnОва е често знак дека партнерот е несигурен во себе и незадоволен. Критичноста во овој случај е еден од одбранбените механизми кога едниот партнер преку критики го пренесува своето незадоволство на другиот партнер.rn

5. Чување тајни

rnТоксичноста може да доведе до чување тајни за кои знаете дека може да му наштетат на вашиот партнер.rn

6. Не го вклучувате партнерот во друштвените активности и поради тоа се чувствувате виновни

rnДа имате време за себе и за пријателите е добро и неопходно, но ако се чувствувате виновни за тоа или партнерот ви замерува за тоа, тоа би можело да значи дека сте во токсичен однос.rn

7. Не сте ги решиле прашањата од минатото

rnАко повеќе пати сте го фатиле партнерот во лага и се чувствувате изневерено, ви треба долг и сериозен разговор. Искреноста и разбирањето ќе ја поправат недовербата.rn

8. Контролирање на партнерот

rnАко сте премногу опседнати со контролирање на вашиот партнер, тоа може трајно да ја загрози врската. Потребата за контрола потекнува од стравот од непознатото. Оној што го контролира партнерот всушност чувствува страв и вознемиреност. Најдобро е да откриете што го предизвикува таквото однесување.rn

9. Изневерување

rnНеверството е најголемиот виновник за недовербата кај партнерите. Мора да одлучите како ќе го решите овој проблем, дали ќе простите и ќе се обидете да продолжите понатаму.rn

10. Не се трудите

rnАко двајцата партнери не се вложуваат подеднакво во врската, тоа би можело да заврши лошо. Дајте сè од себе и обидете се да го мотивирате вашиот партнер и тој да се труди повеќе.rn

11. Се чувствувате помалку вредни

rnЗапрашајте се дали престанавте да ги правите работите што ве правеле среќни и дали се чувствувате полошо. Ако одговорот е да, а партнерот не го забележал тоа, тоа значи дека врската не е стабилна.rn

12. Отсуство на физичка блискост

rnПрестанавте да имате секс и да се галите? Можеби тоа не ви претставува проблем, но поврзаноста и физичките допири се многу важни во врската. Пред да заклучите дека врската е осудена на пропаст, запрашајте се што можете да направите за да ја спасите.rn

13. Чувствувате неизвесност

rnНесигурноста не значи дека вашиот брак е завршен, но може да биде стресно ако постојано имате чувство дека нешто не е во ред. Ова, заедно со другите знаци за токсичен брак, може да биде причина за загриженост.rn

14. Вашите вредности се разликуваат од вредностите на вашиот партнер

rnСакате да заштедите пари за дом, а вашиот партнер сака да троши на патувања. Бракот бара компромис, а ако едниот партнер не сака да преговара, иднината е неизвесна.rn

15. Физички конфликт

rnАко не се чувствувате сигурно во врската, можеби е подобро да се оддалечите.rnrnПрочитајте како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт.