Овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе биде со големина на маче

Овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе биде со големина на маче

Мунчи е 7-месечен мачор со големина на мало маче. Тој тежи околу 1,7 килограми и неговата големина и тежина нема да се зголемат бидејќи тој има ретка болест наречена хипопаратироидизам, која е дијагностицирана само уште кај едно друго маче во целиот свет. Сепак, тоа не го спречува да направи луѓето да се насмевнат затоа што е многу симпатичен!

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Во септември 2019 година, тој бил примен во ветеринарна клиника во Вулверхемптон, каде работи неговата сегашна сопственичка, 29- годишната Емили Томлинсон. Претпоставувале дека тој имал само 3 или 4 недели кога неговите претходни сопственици го напуштиле и Емили верувала дека тоа било поради неговите сиви очи од билатералниот едем на рожницата кој го имал, иако тоа не влијаело на неговиот вид.

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Емили работела во ветеринарната практика. Тој бил предаден на испитувања откако бил пронајден во паркот. Емили го негувала 1 недела, потоа, откако никој не го побарал, таа го вдомила. Тој веќе имал билатерален едем на рожницата, поради тоа и неговите очи биле сиви, но тоа не влијаело на неговиот секојдневен живот и не го праврло поразличен. Ова се случило во почеток на месец септември 2019 година и ветеринарите претпоставувале дека е на возраст од 3 до 4 недели, според изјавите на Емили.

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Сè беше добро додека еден ден мачето неочекувано колабрирало. Емили директно го однела мачето во ветеринарната станица за итни случаи во вечерните часови. Веднаш го прифатиле и му направиле ултразвук, X-зрачење, проверка на крв и му дале терапија со интравенска инфузија. Крвната слика покажала дека нивото на калциум е ниско. Ја испитале неговата крв повторно затоа што се посомневале дека можеби настанала грешка, но резултатот бил ист. Првично не бил испитуван хипопаратироидизам, бидејќи било малку веројатно да се дијагностицира кај маче. Сепак, го направиле и тоа испитување заедно со неговите други испитувања и било потврдено дека тој има хипопаратироидизам, за што доживотно ќе му недостига калциум и витамин Д.

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Емили се обидувала да биде позитивна во врска со неговата состојба иако знаела дека тоа сигурно ќе влијае на неговиот живот понатаму.  Редовно му дава дополнително витамин Д и калциум, кои тој ги внесува со мала количина на храна повеќе пати во денот, за да може да води нормален живот. Според неа, тој е релативно нормално маче. Имало денови кога бил тивок и не бил многу разигран, но тоа било поради хипопаратироидизмот, чии симптоми покрај другото биле и летаргија и намалена осетливост. Дома, тој бил прилично среќен и правел сè што сака. Кога му недостигало внимание, тој самиот и се приближувал на Емили.

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Тој сака прегратки, спие до неа и постојано ја допира на лицето. Тој е многу мило маче, како што забележуваме од фотографиите.

Овој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на маче

Можеби сакате да прочитате и за тоа како случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар