КАФЕ ПАУЗА

Љубовта е на Интернет! Славни парови што се запознале преку социјални мрежи

Ако размислите, славните ѕвезди имаат многу поисполнет распоред од нашиот, па затоа и воопшто не е чудно тоа што тие не можат да најдат ниту една слободна минута во денот за да запознаваат нови луѓе. За среќа, социјалните мрежи им помагаат во ова! За некои од нив, забавното допишување прераснало во неочекувана врска, докажувајќи ни дека љубовта може да се роди и на Интернет. Погледнете за кои парови станува збор.rn

Амбер Роуз и Виз Калифа

rnrnrnНивната врска започнала многу интересно, односно со објавата на Калифа дека Амбер Роуз е неговата славна симпатија. Токму таа изјава ја инспирирала Амбер да стапи во контакт со Виз преку социјалните мрежи, што резултирало со љубовен состанок. Со текот на времето тие стапиле и во брак, но за жал се развеле во 2016 година.rn

Иги Азалеа и Ник Јанг

rnrnrnУште една сосема невина објава на социјалните мрежи довела до запознавање на две славни ѕвезди. Станува збор за објавата на Ник Јанг, кој на Твитер објавил дека Иги е неговата женска симпатија на средата. Таа одговорила на овој твит, и пред да трепнете тие веќе биле верени. Но, како и повеќето врски на познатите личности, и оваа не добила среќен крај.rn

Аријана Гранде и Џај Брукс

rnrnrnЈутјуб ѕвездата Џај Брукс на својот канал објавил видео во кое објаснил зошто токму Аријана Гранде би требало да излезе на состанок со него и верувале или не, тој ја остварил својата желба. Оваа врска траела нешто повеќе од една година.rn

Даниел Цезар и Џејк Т. Остин

rnrnrnКој вели дека соништата на фановите не се остваруваат? Даниел Цезар е девојка што постојано му пишувала на младиот актер Џејк, и после 5 години, тој конечно ѝ одговорил. Иако можеби 5 години ви делува како долг период, сепак чекањето се исплатело, бидејќи тие од 2016 година се сè уште заедно.rn

Рики Мартин и Џван Јозеф

rnrnrnИ Рики Мартин го запознал својот вереник на Инстаграм. Откако ги гледал неговите објави на Инстаграм, тој решил да му прати порака. Тие се допишувале 6 месеци, без да се видат и да се чујат и зборувале исклучиво за уметноста. По некое време, Рики одлучил да го посети Џван во Лондон, кога тие конечно се запознале. Денес, сè уште се заедно.rn

Менди Мур и Тејлор Голдсмит

rnrnrnОва е само уште еден пар од Инстаграм. Познатата актерка објавила фотографија од албумот на бендот Dawes и токму тоа го поттикнало Тејлор да ѝ се јави. Нивната врска завршила со брак, а Менди дури и се заблагодарила јавно на Инстаграм затоа што така го запознала својот сопруг.rnrnДознајте и кои 7 славни парови морале да продолжат да работат заедно откако раскинале.