Нежните, издолжени лисја на елегантните гранки ја прават оваа палма добредојден украс во многу ентериери.rnrnПо потекло од тропските џунгли на југоисточно Мексико и Гватемала, овој член на големо семејство палми вирее на релативно ниска надморска височина.rnrn
rnrnОдгледувачите на ова растение во градинарски центри обично сеат повеќе семиња во ист сад, така што може да добиете повеќе грмушки кои имаат меки лисја во форма на пердуви.rnrn„Елеганс“ палмата е многу издржливо растение, што значи дека ќе издржи да вирее и во сенка и на пониски температури, па дури ќе го преживее и прекумерното наводнување.rnrnСепак, ќе биде подобро ако за неа одберете светол агол во станот, каде не треба да имате индиректно, филтрирано светло. Внимавајте палмата да не биде изложена на директна сончева светлина бидејќи ова ќе предизвика појава на кафени дамки по листовите.rnrnОва декоративно растение е, исто така, познато и како „салонска палма“ кому најмногу му одговара густ супстрат кој треба да се додава во почвата еднаш месечно во пролет и лето и еднаш на секои два месеци во текот на есента и зимата. Имајте на ум дека палмите имаат долг корен, па затоа би било добро црепот во кој ќе ја пресадите да биде длабок и тесен.rnrnВо продолжение погледнете фотографии кои ќе ви покажат како палмата може да биде ефективен елемент во уредувањето на домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и 12 докази дека клупата во кујната му дава на домот посебен шарм и топлина.
Запознајте ја палмата „елеганс“: преубавата салонска палма која ќе го освежи вашиот дом
