Ретко кој не ги сакал цртаните од Дизни кога бил мал. Гледавме магични приказни со принцови и принцези на кои им се восхитувавме. Но, сега како возрасни, почнуваме да размислуваме поинаку. Илустраторката, добитничка на Еми, Лорин Бранц, решила да ја промени сликата која Дизни ликовите ја формираат во нашите глави, ставајќи акцент на нереалниот изглед на телата на принцезите.rnrnЛорин вели дека како деца не сфаќаме како она што го гледаме на екраните влијае на нас, но тие слики дефинитивно имаат големо влијание. Токму поради тоа медиумите како и креаторите на емисии за најмалите треба да знаат колкава одговорност имаат.rnrnПогледнете ги принцезите од Дизни со реални струкови. Тие сепак сè уште се убави и волшебни.rnrn





rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.